дома блог страница 123

Во Прилеп се одржаа обуки за градење здрави навики за исхрана кај децата од предучилишна возраст

На 28-29 мај 2024 година, приближно 150 членови на персоналот од градинката „Наша иднина“ од Прилеп, вклучувајќи негувателки, воспитувачки, вработени во кујна и администрација, учествуваа на работилница за промовирање здрава и одржлива исхрана за децата од предучилишна возраст.
Оваа работилница е резултат на соработката помеѓу Министерството за труд и социјала, УНИЦЕФ, Едуленд и Здружението за одржлив просперитет Арете, кои заеднички работеа на развивање модули за нутриционистичка педагогија во рамките на проектот „Градење здрави навики за исхрана кај децата од предучилишна возраст“. Работилницата беше отворена од страна на Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп, општина-партнер на овој проект.

Обуката е клучна компонента во рамки на FEAST, петгодишен проект финансиран од програмата на ЕУ Хоризонт Европа и координиран од Универзитетот Хајделберг. Проектот вклучува 35 партнери од 15 европски земји и има за цел да одговори на итни предизвици со кои се соочуваат европските граѓани во пристапот до хранлива и здрава храна. Преку мрежа на лаборатории – Living Labs, вклучувајќи општини (меѓу кои и општина Прилеп) FEAST се обидува да поттикне позитивни промени низ синџирот на вредност на храната.

Овој проект претставува клучен чекор во градењето здрави и одржливи системи за исхрана. Со зајакнување на знаењата и вештините на персоналот во градинките за поттикнување здрави навики во исхраната кај децата, проектните цели се усогласуваат со пошироките цели на FEAST, промовирајќи синергија меѓу луѓето, планетата, јавниот и приватниот сектор.

Прилепчанка смртно настрадала откако била удрена од малолетник на моторцикл

На 28.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Дамјан тргна во благородна мисија: Ќе пешачи од Скопје до Острог, а мотивот е голем колку планина

Дамјан Марковски одлучи да си постави 400 километарски предизвик во знак на благодарност кон Св. Василие Острошки и подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија. Информацијата ја објави фондацијата „Марко Божиновски“ која е отворена во чест на Марче, чиј живот прерано згасна. Неговите родители преку оваа фонадција имаат една цел, да им помогнат на млади луѓе да успеат во спортот, пред сé на тие кои се таленти, а немаат можности да инвестираат во развој на својата кариера. Мисија на Фондацијата е преку спортот на децата, младинците како и лицата со посебни потреби да им се овозможи поквалитетен живот и поздрава иднина.

На својот ФБ профил Дамјан напиша:

-Би сакал да ви се обратам и да побарам поддршка за мојата намера.

Како млад човек кој го поминал поголемиот дел од своето детство и младост играјќи фудбал, решив да преземам еден исклучителен предизвик – пешачење од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора, пат долг 400 километри.

Ова патување за мене не е само физички предизвик, туку и духовна мисија. Со ова пешачење сакам да изразам благодарност кон Св. Василие Острошки за оздравувањето на член од моето семејство. Покрај ова, сакам да направам нешто добро за нашата заедница и младите спортисти. Одлучив да ја искористам оваа иницијатива за да соберам средства и да го свртам вниманието кон потребата за подобрување на медицинската грижа за спортистите во нашата земја.

Целта на мојата иницијатива е да помогнам во собирањето средства за купување Polar мерачи на срцевиот ритам, проект кој е планиран за реализација од страна на Фондацијата Марко Божиновски. Како спортист комплетно ја разбирам потребата од овие мерачи на срцевиот ритам и ја давам мојата безрезервна поддршка на Фондацијата во остварувањето на нивната цел, но за да стигнеме до истата потребни се многу финансиски средства.

Овие уреди можат да откријат неправилности во срцевиот ритам и да обезбедат рани предупредувања за потенцијални срцеви проблеми. Со редовно следење на срцевото здравје на младите спортисти, веруваме дека можеме да спречиме трагедии како онаа која ги однесе животите на Марко и Андреј.

Фондацијата Марко Божиновски беше формирана во чест на Марко Божиновски, талентиран спортист кој трагично го загуби својот живот, неговото срце престана да чука во сон, а дијагнозата беше миокардит. Неговата смрт беше шок за сите нас и ни покажа колку е итно да се подигне свеста за редовни и детални здравствени и систематски прегледи. Целта ние подобра здравствена заштита за спортистите во Македонија.
Ве поканувам сите да ја поддржите оваа моја иницијатива. Вашите донации ќе помогнат младите спортисти да ја добијат потребната опрема и медицинска грижа за да можат безбедно и здраво да тренираат.

Ги повикувам сите љубители на спортот да донираат онлајн преку веб-страната на Фондацијата или на телефонските броеви кои ќе бидат отворени специјално за оваа намена. Споделете ја нашата иницијатива на социјалните мрежи користејќи ги хаштаговите #WalkForMarko и #HealthyAthletes.

Воедно ве поканувам да го поддржите и бидете дел од третиот меморијален турнир „Марко Божиновски 9“. На овој турнир млади спортисти од различни држави доаѓаат во Скопје, играат во чест на Марко, во чест на младоста, пријателството, даваат пример за спортски дух, за почитта и меѓусебната поддршка.

Мојата благодарност и поддршка ќе биде покажана преку секој направен чекор од ова патување. Благодарение на GPS-от и стримингот на социјалните медиуми, можете да го следите моето пешачење во реално време. Останете информирани за мојот напредок и бидете дел од ова инспиративно патување.

Од срце ви благодарам за вашата поддршка и ангажираност. Само заедно можеме да придонесеме за здравјето на нашите млади спортисти и да го сочуваме споменот на Марко.

Срдечни поздрави,

Дамјан

Да им посакаме среќа! 14 каратисти од Бонсаи Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на престојното Балканско првенство во Истанбул (Фото галерија)

Oд 31.05 до 02.06.2024 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Балканско првенство во карате за деца, каде карате клубот “Бонсаи” oд Прилеп ќе учествува со 14 натпреварувачи во категорија кати и кумите борби.

На првенството ќе настапат:

Цвете Миланоска
Софија Крстевска
Јована Маркоска
Анастасија Ангелеска
Патриција Наумоска
Сара Спиркоска
Благица Јошеска
Иво Качаков
Леонид Белески
Алексеј Петрески
Максим Петрески
Христијан Димески
Габриел Ламбевски
Теодор Стојановски

Натпреварувачите ќе ги следи тренерот Дамјан Ристески.

Да им посакаме среќа и многу медали на нашите каратисти!

Уапсен разбојник од Битола

На 29.05.2024 во 01.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(22) од Битола.

Тој се сомничи дека на 28.05.2024 околу 20.30 часот во продажен објект на ул.„Апостол Здравески” со употреба на сила од вработената В.Б.(45) од Битола одзел пари од дневниот промет.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Конфекција Sleepy Bear има потреба од шивачки и оператори на машина

Конфекција Sleepy Bear има потреба од шивачки и оператори на машина.

Што обезбедуваме?

-обезбеден оброк
-стабилна работа со можност за напредок
-осигурани на полно работно време
-редовни примања
-редовни бонуси за ефикасност

Сите заинтересирани да се пријават на: +389 78258894

Прилепска грација во македонското Собрание

Собранието денеска ги верификуваше мандатите на новиот пратенички состав, каде помеѓу 120-те народни избраници четворица доаѓаат од Прилеп, три од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ.

Меѓу тројцата мажи е и пратеничката Билјана Кузманоска, која ќе ја брани женската чест и гордост на градот под Марковите Кули.

Во совршено модно издание, прилепската грација заблеска во пратеничките клупи. Важи за човек со огромна почит помеѓу своите сограѓани, а довербата ќе треба да ја оправда со жестока борба од собраниската говорница, со предлози, амндмани и закони, кои ќе значат подобар живот на сите прилепчани.

Да и посакаме среќа и успех во работата.

Два технички нокаути и една победа на поени! Прилепските “АСОВЦИ” одлични во второто коло од Првата и Младинска бокс лига

Во саботата во Штип се одржа 2.коло на Првата и Младинска бокс лига, каде одличен настап имаа и младите боксери од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп.

Мартин Трајкоски загуби на поени, а Влатко Димески забележа победа со технички нокаут. Теодор Тошески беше подобар на поени, Никола Житошански забележа победа со технички нокаут, а Давид Карапеев и Димитар Талимче останаа без противници во ова коло.

Резултати – 2.коло Прва и Младинска лига:

Кадети
40 кг Михаил Аврамовски (Алексо Огненовски) – Мухамет Мехмедов (Пинк пантер тим) 0-3
46 кг Џанер Биљали (Куманово 84) – Арабел Рустемовски (Пелистерски јунак) 1-2
48 кг Еди Јакупи (Шкендија но лимит) – Енџл Ајрушов (Фамилија Демирови) 0-3
50 кг Мартин Трајковски (Ас) – Туран Демиров (Ф. Демирови) 0-3
57 кг Алберт Ибрахими (Шкендија но лимит) – Јован Маневски (Штип) 3-0

Јуниори
54 кг Анауар Имери (Фајтер Илири) – Сонер Ајрушов (Ф. Демирови) 0-3
54 кг Кенана Биљали (Куманово 84) – Александар Панов (Пинк пантер) 0-3 ТКО Р2
60 кг Иле Маневски (Штип) – Синиша Талевски (Пелистерски јунак) 0-3 ТКО Р1
63 кг Самир Рашити (Куманово 84) – Влатко Димевски (Ас) 0-3 ТКО Р3
66 кг Саити (Шкендија) – Тошевски (Ас) 0-3
66 кг Ерион (Шкендија н.л.) – Теодор (Ас)
70 кг Јетон Исуфи (Шкупи) – Лиридон Ештрефи (Пелистерски јунак) 2-1

Младиници
54 кг Алими Меридијан (Шкупи) – Лука Пислевиќ (Универзалци) 2-1
60 кг Ангел Кочоски (Јордан Мијалков) – Адријан Рустемовски (Пелистерски ј.) 0-3 ТКО Р2
63,5 кг Луан Сулејмани (Шкупи) – Дино Димитриевски (Универзлаци) 3-0 ТКО Р1
67 кг Рион Бајрами (Шкендија н.л.) – Лука Трифуновиќ (Илинден) 0-3 пред. Р1
71 кг Демир Рахман (Куманово 84) – Влатко Василевски (Штип) 0-3 бб
71 кг Методија Петкоски (Шкендија н.л.) – Наум Стојаноски (Алексо Огненовски) 0-3 бб

Сениори
75 кг Леонтин Димитров (10/60) – Николче Жигошански (Ас) 0-3

Мицкоски: Македонија ја очекуваат години на реформи, развој, владеење на право и борба против криминалот и корупцијата

Македонија ја очекуваат години на реформи, развој, владеење на право, години на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, рече од собраниската говорница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Оние егзибиционисти кои се во отсуство на идеја, понижуваат и омаловажуваат а истите тие имаа можност да застанат позади нашата политика, онаа која ја гласаа половина милион наши граѓани, Македонци, Турци, Албанци, Роми од различни етнички припадности во Македонија, истакна Мицкоски.

Ова што се случува со нашата младина е страшно! Малолетници нападнати од врсници во Градски парк во Битола, еден од нив се заканил со нож

На 27.05.2024 во СВР Битола, Е.М. (40) од Битола пријавила дека во Градскиот парк во Битола, нејзиниот малолетен син и неговите другари биле физички нападнати од неколку малоленици кои ги познавале, при што еден од нив со остар премет се заканил на нејзиниот син.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.