дома блог страница 117

Крушево повторно центар на планинскиот велосипедизам – успешно одржано второто издание на „Krushevo MTB Challenge“ (Фото галерија)

Крушево викендов пулсираше во знакот на планинскиот велосипедизам, спортскиот дух и природата. Успешно се одржа второто издание на „Krushevo MTB Challenge“, настан кој годинава воедно беше и Државно првенство во маратон на Велосипедската федерација на Македонија.

На стартот застанаа 45 учесници од земјава и регионот, кои се натпреваруваа во повеќе категории на две предизвикувачки патеки – мал маратон од 23 километри и голем маратон од 69 километри низ крушевската корија, уживајќи во уникатните планински предели и природните убавини кои ги нуди градот.

Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, им ги додели медалите на најуспешните учесници и истакна дека е чест да се биде дел од настан исполнет со спортска енергија, натпреварувачки дух и позитивна атмосфера.

„Krushevo MTB Challenge го потврди потенцијалот на Крушево како дестинација за планински велосипедизам, спорт и активен туризам. МТБ дисциплината не е лесна, но токму предизвикот ја прави посебна – секој кој ја завршува патеката е победник“, порачаа организаторите.

Особена чест за настанот беше домаќинството на Државното првенство во маратон на ВФМ, каде беа прогласени новите национални шампиони. Клубски успех остварија и домашните претставници, со три освоени титули државни прваци во различни категории:

🥇 Дуња Иванова – сениорки
🥇 Горан Кузмановски – сениори
🥇 Љубиша Кондев – мастерс

Победа забележа и Димитар Јованоски во категоријата хоби.

Организаторите упатија благодарност до сите учесници, волонтери, поддржувачи и партнери кои придонесоа настанот да биде реализиран успешно и професионално.

Со второто издание на „Krushevo MTB Challenge“, Крушево уште еднаш потврди дека има огромен потенцијал за развој на планинскиот велосипедизам и спортскиот туризам, продолжувајќи да ја гради својата приказна како град на спортот, природата и активниот начин на живот.

Регулаторна ќе одлучи попладнево – Колку ќе поевтинат дизелот и бензините?

Регулаторната Комисија за енерегетика денеска одлучува за новата цена на горивата.

Според пресметките, приемерот Христијан Мицкоски најави дека се очекуава дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар.

Премиерот Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран.

Сепак, сите очекувања се дека договор ќе биде постигнат а со тоа и економиите ќе почнат да се стабилизираат. Цената на нафтата во моментов се движи околу 80 долари за барел, но периодот кој следи може да се очеуваат пониски цени .

„ Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие калкулации, бензините некаде околу четири денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу седум денари по литар.

Така што да почекаме во понеделник Регулаторната комисија официјално да соопшти – изјави вчера премиерот Мицкоски.

Пет лица се повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Битола – учествувале три возила

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествувале три возила што се случи вчера попладнето на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР за МИА.

Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, каде им се укажува медицинска помош.

-На 21.06.2026 од 15:45 часот на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп се случи сообраќајна незгода. Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп, наведуваат од МВР.

Поради сообраќајката сообраќајот се одвиваше наизменично по една сообраќајна лента.

Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две години, велат од ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Просечната нето-плата во Македонија за две години е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти, соопшти денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тој, повикувајќи се на официјалните статистички податоци, посочи дека во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари.

– Во истиот период растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе се коригира со растот на цените, реалното зголемување на просечната плата изнесува близу 11 проценти – рече Стојаноски.

Според него, овие податоци покажуваат дека платите растат побрзо од цените и дека на тој начин реално се зголемува куповната моќ на граѓаните.

Стојаноски истакна дека раст на платите е регистриран во сите клучни сектори. Најголемо зголемување во апсолутен износ, како што наведе, има во секторите информации и комуникации, транспорт и складирање и рударство.

Процентуално, највисок раст на платите бил забележан во транспортот, дејностите поврзани со недвижен имот и во образованието.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ваквите бројки се потврда оти економските политики даваат резултати и дека приходите на вработените се зголемуваат.

– Нашата цел останува платите да продолжат да растат побрзо од цените, да се отвораат подобро платени работни места и граѓаните да имаат повисок животен стандард – порача Стојаноски.

Прилепчанец го донесе оригиналниот грчки вкус во Прилеп – приказната за гирото кое сите го чекаа (ФОТО)

Има вкусови кои не се само оброк… туку се сеќавање. Мирис на лето, прошетки низ грчките улици, топла лепиња во рака и оној прв залак кој кажува дека вреди да се вратиш по уште едно.

Токму таква приказна од неодамна доби и Прилеп.

Во градот каде што доброто гиро речиси и да не постои, се отвори Gyro Street, место создадено со една едноставна идеја: да се донесе вистинскиот вкус на гиро, подготвен со знаење, искуство и многу љубов.

Зад оваа приказна стои нашиот прилепчанец Сашо Темелкоски, човек кој не го научил овој занает преку ноќ. Години поминати во гастрономијата, работа во странство, запознавање со различни кујни и постојано усовршување на рецептот го донесоа до моментот кога одлучи своето искуство да го врати дома – во Прилеп.

За Саше гиро не е само месо во лепиња. Тоа е процес. Тоа е внимание на секој детаљ, од подготовката на месото, изборот на состојките, совршениот баланс на вкусови, па сè до моментот кога готовото гиро ќе стигне до вас.

Она што го прави Gyro Street различен е токму автентичниот пристап. Месото не е обично замрзнато решение, туку се подготвува со посебен рецепт и посветеност, за секој залак да го има оној препознатлив вкус што љубителите на вистинско гиро го бараат.

И не е само гиро, во Gyro Street можете да уживате и во:

-Бургери

-Хот дог

-Клуб сендвичи

-Свежи салати

-Помфрит и уште многу комбинации за секој вкус

Место каде ќе дојдете за првото гиро, а ќе се вратите затоа што ќе стане ваше омилено место.

Gyro Street се наоѓа веднаш наспроти Економското средно училиште во Прилеп

А ако сакате да уживате дома – имаат и БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! За сите нарачки над 500 денари и тоа секој ден од 12:00 до 18:00 часот.

Јавете се или посетете ги уште утре, нека работната недела ви започне со вкусно, автентично гиро.

Телефон: 078 533 692

Gyro Street – местото каде што Прилеп го добив своето вистинско гиро.

МАЈКА, ТАТКО И ДЕЦА: Во Битола се одржа „Вистинска парада на гордоста“

Во Битола вчера се одржала контра – Парада на гордоста наречена „Вистинска парада на гордоста“ .

Според Игор Петковски, претставник на организаторот, ова било контра марш на Парада на гордоста што се одржа попладнево во Скопје.

,,Маршот „Вистинска парада на гордоста“ се одржува по шести пат, спонтано и е одговор на контра парадата што вечерва се случува во Скопје. Сакаме да ги истакнеме начелата од кои ние сме водени. Тука сме за да ги одбраниме нашите вистини, нашите права, да покажеме зошто треба вистински да сме горди, и ако на нешто треба да бидеме горди, тоа се домот, семејството, родителството и на нашите деца”, смета Петковски.

,,Самиот Господ Бог вели, женете се, мажете се и наполнете ја земјата со луѓе, тоа и ние го мислиме и го кажуваме на овој настан. Ние не шириме омраза, никого не навредуваме, ниту клеветиме, секој има свое право, а на овој начин ние го кажуваме нашето право на мислење”, изјавил за МИА, Петковски.

Вчера во Скопје се одржа парада на гордоста за Македонската ЛГБТ заедница.

Сме постоеле и ќе постоиме, порачаа учесниците на скопската парада на гордоста

Teшка сообраќајка попладнево на патот Прилеп-Битола (ФОТО)

Денеска се случи тешка несреќа на автопатот Прилеп – Битола на излез од Прилеп кон Битола, поради сообраќајна незгода.

Деталите за причините и број на жртви засега сѐ уште не се познати – oбјави KУРИР.

Се очекуваат дополнителни информации и официјална потврда од надлежните служби.

Браво! Народот се самоорганизира за почист Прилеп (Фото галерија)

Кога има желба, добра волја и заедничка енергија, промените се можни. Тоа го покажаа ентузијастите од иницијативата „Мој Прилеп“, кои започнаа серија работни акции со симболично име „Џабе работи, џабе не седи“.

Првата акција беше реализирана во дворот и игралиштето на Интернатот „Орде Чопела“, простор кој со години беше запоставен, обраснат со трева и полн со отпад. Наместо само да се зборува за проблемот, овие млади луѓе решија да преземат нешто конкретно.

По иницијатива на Илија Ангелески и неговиот брат, кои први започнале со расчистувањето, им се приклучија и останатите членови на екипата – Васко Биксето Биковски, Илија Бикоски, Јован Даноски, Дарко и Давид Карапеев, кои слободното попладне го искористија за заедничка работа и помош.

Со многу труд, раце и добра енергија, просторот започна повторно да добива изглед. Екипа ангажирана од Интернатот се погрижи за најголемиот дел од капините и обраснатиот терен, а момците од „Мој Прилеп“ помогнаа во расчистувањето, собирањето и средувањето на дворот.

Иако работата не е целосно завршена, најголемиот дел од просторот е среден, отпадот е собран и подготвен за преземање од екипите на Комуналец.

Но, најголемата вредност на оваа акција е што таа ги мотивираше и соседите. Гледајќи го примерот, и тие се вклучија и ги средија своите делови од дворовите – тревата и дрвата кои граничат со просторот.

Ова е уште еден доказ дека позитивната енергија е заразна и дека со малку волја, заедништво и иницијатива можат да се направат големи работи.

„Мој Прилеп“ продолжува со порака дека градот е на сите нас – и дека секој може да придонесе.

Од денеска директна авиолинија Виена – Охрид

На Охридскиот аеродром „Апостол Павле“ денеска ќе се реализира првиот лет од Виена до Охрид на авиокомпанијата „Austrian Airlines“ со што и овој меѓународен аеродром во земјава се поврзува со уште една европска престолнина.

По тој повод најавена е прес-конференција на генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик -шефот на Мисијата во Австриската амбасада во Скопје, Матијас Хуменбергер и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата Луфтханза.

Мицкоски: До крајот на јуни ќе направиме реконструкција на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот.

– Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Во добра, пријатна атмосфера беше вчера состанокот. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира. Така што до крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент пред парламентарците, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на градинка во Козле.

Мицкоски најави дека по реконструкцијата ќе продолжат и во другите структури и на локално ниво.

-Ние имаме и на локално ниво прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија. Имаме свои мислења за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни. Такви се повеќето, но има и таму каде што е потребно да се поправиме и на ниво на општини, но и на локално ниво од аспект на подрачни единици. Така што процесот ќе продолжи во втората фаза во текот на летото и паралелно со тој процес, бидејќи горе-долу е оформена и структурата на партијата, ќе отпочнеме процес таму некаде во втората половина на јули, кој што евентуално би траел до крајот на септември на ажурирање на членството и ново зачленување во ВМРО ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Според премиерот, овој процес на реконструкција длабински и суштински ќе промени многу нешта, заклучно со крајот на летото.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, одговарајќи на новинарски прашања за реконструкцијата, рече дека не разговарал со премиерот за оваа тема, и нема да разговара, бидејќи, според него, секој мандатар си прави свој тим, и тие се на таа функција за да работат во полза на народот.

– Истакнав дека не сме овде за да бидеме товар, но да олесниме за да изградиме вакви проекти, градење на детски градинки кои чекаат и старски домови и слични објекти кои ќе бидат во полза на нашиот народ. Што се однесува до измените, иако денес завршува мојот мандат, јас мислам дека повеќе треба да се насочиме на тоа што направивме ние за доброто на оваа држава и народот, без разлика на тоа која е цената што треба ние да ја платиме. Не сме во овие позиции да бидеме товар ни на премиерот, ни на мандатарот, ни на никого. Сме овде да играме улога на играчи кои ќе ја сработат работата во полза на народот.