дома блог страница 116

Mицкоски: Мојата татковина е Македонија, и тоа ќе остане така во секоја моја изјава

Мое човеково право, гарантирано со многу конвенции, е правото на слобода на изразување и говор. За мене мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија. Целокупната институционална комуникација, која што е дел од законите и Уставот, ќе биде почитувана се додека тие закони и Устав се во сила онакви какви што се, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски.

Одговорот на хистеријата која, како што вели, се случува кај нашиот јужен сосед, Мицкоски рече го дал уште пред неколку недели и дека претпоставува дека тоа е дел од нивната предизборна кампања.

– Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а се што е содржано во Преспанскиот договор и дел од нашиот правен систем и уставен поредок, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува. Вклучително еве и решенијата за пратеници коишто ги добивме, ги добивме со придавката содржана. Вклучително и предлог законот којшто денес го доставувам, е со придавката вклучена во него, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Собранието.

Не им се лутам, продолжи Мицкоски, на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на нивната држава, туку едноставно крајот или дел од тоа име.

– Не можете да барате да се почитуваат законите, да владее правото, да спроведувате реформи, а од друга страна да сте лицемерни и кажувате работи коишто не се вистински и не можете да ги спроведете. Но во моите изјави ова ќе биде името, за мојата татковина, а тоа ќе биде е Македонија, изјави Мицкоски.

Ако на Самитот во НАТО се отвори тоа прашање, Мицкоски рече, дека неговата порака ќе биде дека би сакал да гради мостови на соработка, на пријателство со нашите соседи, вклучително и со нашиот јужен сосед, источен, северен западен.

– Македонскиот народ и граѓаните се мирољубиви луѓе, мирољубив народ којшто гостопримлив народ. така се однесувале. Очекувам така да се однесуваат и нашите соседи да соработуваме и да негуваме добрососедски односи, рече Мицкоски.

Иако не би сакал, Мицкоски рече, дека може не само таму, туку на било кој форум да отвориме дебата па да видиме кој колку реализирал од Преспанскиот договор.

– Би сакал да зборуваме за инвестиции, за подобар стандард, за развој, за реформи. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она за коешто граѓаните го дадоа својот глас, изјави Мицкоски.

Оддадена почит на Благојче, Влатко и Пеце, загинатите бранители oд Битола во 2001 година

На денешен ден пред 23 години во близина на селото Гајре, загинаа Благојче Сиљанов,Влатко Миленковски и Пеце Матичевски,воени резервисти,припадници на баталјонот на Воена полиција од Битолскиот корпус во конфликтот во 2001 година.

Во име на општина Битола,градоначалникот Тони Коњановски заедно со претставници на Советот на општина Битола,како и семејствата на прерано загинатите бранители,Сојуз на борци,СВР Битола,колеги,воени старешини,здруженија и поединци, оддадоа почит со положување на свежо цвеќе на споменикот „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот „Стив Наумов“ во поранешната касарна.

Комеморативните настани во чест на тројцата бранители се организирани од Министерството за одбрана- Регионално одделение за одбрана во Битола, покрај полагање на цвеќе на гробовите на загинатите бранители во Битола и Новаци и на двата претходно споменати споменици, вклучуваат и организација на меморијален турнир во мал фудбал во спортската сала „Павел Шатев“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници на учесниците.

Благојче Павлески од Прилеп е еден од победниците на 24-от меѓународен натпревар по програмирање CodeIT

Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24-тиот меѓународен натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу 12те финалисти, врвни таленти кои влегоа во годинешното натпреварувачко финале.

CodeIT е создаден од Мусала Софт во 2000 година и е едно од најстарите натпреварувања за програмирање во светот. Привлекува стотици учесници од целиот свет и досега учествувале над 2300 натпреварувачи од повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Кина, Србија, Северна Македонија, Швајцарија, Иран, Индија, Шведска, Јужна Африка, Белгија, Норвешка, Финска, Хрватска, Ерменија, Ирска, Египет, Кенија, Украина и други.

„Мусала Софт, еден од столбовите на Киншифт, постојано демонстрира извонредни деловни достигнувања и силна посветеност за унапредување на ИТ заедницата во сите земји каде што работи. Наградите за CodeIT ги доделуваме со голема гордост и со цврста посветеност да ги одржиме и надградиме заложбите на Мусала Софт за препознавање и поддршка на ИТ талентите,“ истакна Марина Домазетовска, глобален раководител за комуникации во Qinshift.

Оваа година на CodeIT учествуваа програмери од 5 земји, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска. Масовното учество на програмерите од овие земји говори за одржливите традиции во информатиката и растечката популарност на програмирањето.

„Успешен живот значи да воспитате среќно дете и да правите добри дела кои се паметат. CodeIT е едно такво дело. Ви благодариме на сите вклучени во текот на речиси четвртвековната историја на заедницата CodeIT“, истакна Елена Маринова, ко-основач на Мусала Софт и член на Советодавниот одбор на Киншифт.

За натпреварот е одговорен тим од над 40 елитни натпреварувачи и олимпијци по информатика од Мусала Софт (CSLAB – Computer Science Lab), кој досега во текот на 23 години има креирано повеќе од 300 задачи. Во 2011 година, натпреварот усвои нов формат во кој секоја сезона е поделена на два вида натпреварувачки делови – СПРИНТ (5+3 задачи) и МАРАТОН (1 задача). Фазите вклучуваат „брзи и бавни“ задачи, распоредени во шест круга задачи. Најдобрите 12 натпреварувачи влегуваат во големото финале. Од 2013/2014, CodeIT стана меѓународно натпреварување и воведува категорија за помлади, до 8-мо одделение, што е клучен чекор во раното вклучување во науката и технологијата. Најдобрите 5 џуниор натпреварувачи од секоја сезона се натпреваруваат во финалето, формирајќи посебен младински ранг.

Витаминка генерален спонзор на првиот прирачник за машко здравје „Фокусирај се на себе, за себе“.

Потребата од овој прирачник се јави поради недостигот од информации на темата машко здравје, но и недоволната општествена ангажираност по овие прашања.

Промоцијата на прирачникот се одвиваше во киното “Мис Стон” во организација на “Здружениеto за унапредување на здравјето Филип Лукароски”. Во овој прирачник се говори за здравјето на мажите, а идејата е да се подобри нивното здравје со подигнување на свеста за рано препознавање на симптомите на одредени заболувања.

Една од главните цели на прирачникот е мажите да го постават сопственото здравје како највисок приоритет во животот.
Препознавањето и спречувањето на машките здравствени проблеми е повеќе од само грижа на мажите, туку е и важно семејно прашање. Само здрав маж е способен да ги исполни своите семејни и општествени улоги.

Пораката која се пренесува преку прирачникот е “Секој ден е нова можност да станете посилни, да живеете поздраво и да бидете
најдобрата верзија од вас. Работете на вашиот начин на размислување секој ден, на вашите здрави мисли. Ова е најдобриот начин да го промовирате вашето здравје. Започнете денес.”

Поддршката за овој прирачник е само уште еден начин на кој што Витаминка како компанија ја покажува својата грижа и посветеност на здравјето и добросостојбата на своите вработени, но и на сите граѓани и испраќа порака за свесноста за сопственото здравје како највисок приоритет во животот.

Во недела традиционален планинарски марш “Козјак 97”

ПСД “Козјак” Прилеп им соопштува на своите членови и други љубители на планинарството дека на ден 9.6.2024 год. го организира традиционалниот планинарски марш “Козјак ’97”.

Тргнување од с. Плетвар во 7:30 часот.

Пријавување во петок од 18-19 часот лично во клубот.

ЗА ПРВИТЕ 28 ПРИЈАВЕНИ-ПОДАРОК МАИЦА.

Водач на маршот: Стеван Сарваноски

Тажна вест: Ненадејно почина познатиот битолски адвокат

Вчера на 4 јуни 2024 година, во 16 часот, ненадејно почина Адвокат Драги Пажик од Битола.

Роден е 02.10.1959 г. во Битола, каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал на правниот факултет во Битола. По завршувањето на Правниот факултет, својата професионална кариера ја започнува во тогашниот Окружен суд Битола, во 1996 год., најпрво како приправник, а потоа и како Стручен соработник во истиот суд, по што правната кариера ја продолжува како стручен соработник во Апелационен суд Битола каде работел на граѓанска и кривична материја. Истовремено студира и Магистерски студии по кривично право во Крагуевац СФРЈ.

Правосудниот испит го полага во 1987 г.

На 06.05. 1993 г. се регистрира како член на Адвокатската комора на РМ и ја основа Адвокатската канцеларија Драги Пажик.

Изгради успешна и реномирана адвокатска кариера во Битола и во цела Македонија а застапуваше и во соседните земји од поранешна Југославија. Драги Пажик неодамна прослави 30 години непрекинато вршење на адвокатската дејност и истата ја обавуваше совесно, стручно и професионално.

Во неговата канцеларија низ текот на годините, биле вработени повеќе адвокати кои подоцна се осамостоиле и изградиле успшена кариера.

Опелото и погребот ќе се извршат на ден 6 јуни 2024 год., во 12 часот, во Храмот “Св. Димитрија“ и Буковските гробишта во Битола. Посмртните останки на покојниот ќе бидат изложени во капелата на храмот Св. Димитрија на ден 06.06.2024 год., од 10:00 часот до 12:00 часот.

Кривична за прилепчанец за демнење и загрозување на сигурноста

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ј. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „демнење“ и „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот одреден период следел, вознемирувал и упатувал закани кон женско лице и нејзините родители – информираат од СВР Битола.

(ВИДЕО) Најдобрите потези од последниот танц на капитенот Велески

Со победа над втората екипа на Еурофарм Пелистер, ракометарите на РК Прилеп го обезбедија првото место во плеј-аут разигрувањето, а со тоа го осигураа опстанокот и идната сезона во ракометната Супер лига.

Натпреварот беше последен за капитенот Филип Велески, кој одлучи да стави крај на својата кариера, а ова можеби беше и еден од најдобрите натпревари во неговата кариера.

Велески како и секогаш покажа цврстина во одбрана, беше одличен во напад, асистираше, беше присутен на секој дел од теренот. Постигна и три погодоци, можеби и клучни во триумфот од 31:24.

Погледнете ги неговите најдобри потези на последниот танц во дресот на РК Прилеп:

Прилепската пијанистка, 17-годишната Анастасија Петреска, ќе настапи со Македонската филхармонија

Познатата прилепчанка, пијанистката Анастасија Петреска, е една од двете пијанистки од Македонија која беше избрана да настапи на концертот „Младите доаѓаат“, кој оркестарот на Македонската Филхармонија го организира со вклучување на најдобрите ученици од средните музички училишта.

Анастасија Петреска, која веќе и е позната на прилепската и македонската јавност, е ученик во трета година во Државното музичко училиште – Битола во класата на докажаниот професор д-р Татјана Божиновска.

Концертот ќе се одржи на 6 јуни во концертната сала на Македонската Филхармонија со почеток во 20:00 часот а под диригентската палка на маестро Ангел Спироски.

Прилеп во времето на ПРЕРОДБАТА: Маестрален едукативен проект изработен од историчарите при СОУ “Ѓорче Петров” (ВИДЕО)

Младите Историчари од СОУ “Ѓорче Петров ” – Прилеп, деновиве завршија еден доста креативен и обемен проект за Прилеп во времето на Преродбата, кој го крунисаа со видео изработено во вид на историска туристичка разгледница, која со сигурност кај многумина ќе остави впечаток.

За потенцирање е и тоа дека песната во видеото е лична творба на учениците.

Уживајте во ова прекрасно авторско дело во продолжение: