дома блог страница 115

Eве што се’ најави Мицкоски дека ќе се реализира во првите 100 дена од новата Влада

Мандатарот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ еден од основните столбови е реалоцирање на средства од централаниот буџет кон буџетите на општините, а во септември ќе биде првото нивелирање на пензиите. Мицкоски исто така најави дека првиот ребаланс на државниот Буџет ќе биде во втората половина на јули, како и огромен проект во енергетиката, две нови инвестиции и проширување на две други во првите сто дена од владата.

-Целта на оваа наша активност е да ја доближиме работата на Владата со што е можно поголем број домаќинства, преку реализирање на проекти коишто се од огромно значење на граѓаните како што се нови булевари и улици, канализациски системи, и 20 проценти од територијата или од потребите на граѓаните не е поврзано со канализација. Потоа вода за пиење онаму каде што е потребно нови градинки, нови училшта, паркови итн, рече Мицкоски.

Цениме, истакна мандатарот, дека со оваа политика ќе успееме во овој прв мандат да дојдеме до најмалку 300 илјади домаќинства.

-Тоа се да 250 милиони евра годишно реалоцирани средства од буџетот кон општините. А после ребалансот којшто ќе се случи во втората половина на јули оваа година половина од таа сума да биде реалоцирана. Тоа е практично 125 милиона евра. Таму некаде прва половина на септември месец да биде објавен јавниот повик до сите општини да достават проекти коишто ќе бидат веднаш во можност да бидат реализирани. Тоа подразбира проект реализиран, проект одобрение за градба, се разбира, или одобрение за реконструкција онаму каде што е потребно. И веднаш на посебна сметка тие пари да бидат пренесени, веднаш тендерирани да ја фатима есенската градежна сезона колку побргу можеме тоа да го направиме, рече Мицкоски.

Најави дека лично ќе го мониторира реализирањето на овој проект.

-Тоа е една милијарда за реалните потреби на граѓаните. Нас граѓаните не гласаа. Ние мора на граѓаните да им се одолжиме. Но исто така во септември очекуваме да биде првото нивелирање на пензиите. Ние рековме во првата година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите на пензионерите. Тој процес го почнуваме сега во септември, го завршуваме на следното нивелирање во март. Значи побргу од една година, тоа ќе биде, рече Мицкоски.

Мандатарот исто така најави, како што кажа, огромен инвестициски проект во делот на енергетиката.

-Никогаш до сега немало во регионот, не зборувам во Македонија. Очекувајте две големи странски инвестиции и проширување на две веќе присутни странски инвестиции овде во Македонија во првите сто дена. Очекувајте многу убави позитивни работи нешто коешто граѓаните го очекуваат. Тоа ќе биде мој личен фокус и моја заложба и моја инспирација како како прв човек во Владата да работам, рече Мицкоски.

Идниот премиер вели дека и кај потенцијалните коалициски партнери гледа дека таму инспирацијата и храборста не недостасува.

-Сакаме да функционираме како едно да се посветиме целосно на граѓаните. Ние сме слуги на граѓаните. Секој оној којшто мисли дека е над таа состојба, ќе го изгуби тлото по днозе. Верувате дека лично ќе се занимавам со тој, без разлика дали доаѓа од редовите или таа, дали доаѓа од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија или некој од потенцијалните коалициони партнери, рече Мицкоски по доделувањето на мандатот во Вила Водно.

Примитивизам и дивјаштво! Непознати сторители ги испокршиле лизгалките во детскиот парк во населбата “Рид” во Прилеп (ФОТО)

Привитивизам и дивјаштво извршено е ноќеска врз детските реквизити во паркот на Рид – напишаа од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп на социјалните мрежи., откако непознати сторители ги испокршиле лизгалките кои се наменети за најмалите во овој парк.

-За да се откорне лизгалка од лежиштето потребна е голема сила. Откорнати и искршени се и мостовите пред лизгалките. Украдени се и две железни порти, на третата е извиткана арматурната мрежа. Случајот е пријавен до надлежните органи – пишуваат во реакцијата од ЈКП Комуналец.

Нова одлука: Eве колку ќе чинат горивата во Македонија од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,892%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,433% и кај мазутот намалувањето е за 1,756%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,081%

Од 7.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,209 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.6.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Резервирајте навреме! Најпопуларната прилепчанка викендов во ресторан “Деспина”

Kaко и секој викенд и овој, најдобрата забава во Прилеп ќе биде во ресторанот “Деспина”. Во сабота гостите ќе ги забавува најпопуларната прилепчанка Елена Јовческа.

Резервации на 072 209 996 и во порака на Фејсбук страната на ресторанот.

Персоналот на ресторан “Деспина” ве очекува!

Да го вратиме Матео дома! АЈДЕ ХУМАНА МАКЕДОНИЈО!

Матео од Скопје кој има две годинки е итно пренесен и хоспитализиран во “Институт за здраствену заштиту мајке и детета Србија“ под дијагноза Syndroma haemolyticouaremica D 59.3.

Семејството апелира добронамерните луѓе да помогнат со донирање парични средства за Матео да може да се врати дома, откако ќе биде спроведена дијализата како резултат на акутната промена на бубрезите!

Малиот Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите.

Со оглед на сериозноста на дијагнозата, како и последиците од истата по краткиот престој во Систина малиот Матео е однесен во Србија каде лекувањето продолжува.

Во моментот состојбата се подобрува, но финансиите кои се потребни се превисоки за семејството да може да ги подмири.

ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://ecrowd.mk/projects/80cec2c4-6de6-49f6-8662-3104bceba237?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR1YIdTIXI6eaQdxJNwtUEA4MNw6IDMf5dshOc8Zihr9j1JKS8h_-0_svxI_aem_ARHOyMu10ueWyqYrJVAZZsc5CNyiQPqQ1yNl6zz1Cxezp2Fz5maCZ-hB6plvHekEwhVjktPu0yyLPbeDMZeFw97B

ЦУК: Внимателност заради почеста појава на змии – пожарникари интервенирале и во Прилеп

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 833 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 60,94%, а 39,06% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Од ЦУК ги потсетуваат граѓаните да бидат внимателни при појавата на змии во овој потопол период.

Вчера беше добиена пријава за змии (Општина Гази Баба) и веднаш на пријавителката и беше пренесено дека служби за фаќање на змии нема, но сепак и беа дадени информации дека и физички лица има на повик, кои се справуваат и заловуваат змии, истакнуваат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК – Битола, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на ул.„Мирче Ацев“ бр 9 во Прилеп, по што е интервенирано во 13.45 часот од страна на ТППЕ Прилеп со 3 пожарникари со 1 возило.

Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.

Тим од Витаминка беше дел oд конференцијата Dynamics Minds во Словенија – место каде се среќаваат брилијантините умови

Витаминка ја имаше таа чест да присуствува на конференцијата Dynamics Minds во Порторож, Словенија, втората конференција на Dynamics 365 и Power Platform заедницата, воедно и место каде се среќаваат брилијантните умови. Конференцијата се одржа од 27 до 29 мај.

Васко Наумоски, Дејан Пирганоски и Бранимир Димков беа дел говорниците, учесници во дискусиите што ги опфаќаат сите комори на BizApps за финансии и операции, централизирање на деловноста, ангажирање на клиентите и платформа за зајакнување на деловноста.

Dynamics Minds имаше богата агенда од сесии, разговори и работилници, тридневната конференција овозможи поврзување и вмрежување со присутните и стручни лица во областа, размена на искуства и идеи. Воедно и инспирирање и откривање на тајните вештини на Microsoft стратегиите за најголемите предизвици, пренесени од експерти од индустријата од целиот свет.

Искуството од конференцијата Витаминка ќе го искористи за имплементирање на нови идеи во својата работа и за развој на веќе постоечките концепти и вештини.

Претседателката Силјановска денеска ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана за утре.

Според Мицкоски, преговорите за владата се веќе завршени во делот на формирање на владините ресори и во делот на третиот ешалон.

-Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членовите на идната влада која ќе биде изгласана пред крајниот рок што е дефиниран согласно закон и Устав, изјави Мицкоски во Собранието по поднесувањето на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа.

Да им посакаме среќа! Дечките од NEW GENERATION Прилеп патуваат на Светско првенство по модерни танци во Будимпешта

Од 12 до 16. јуни во унгарската престолнина Будимпешта, ќе се одржи Светското првенство во модерни танци WDA 2024.

На ова првенство ќе настапат и прилепските амбасадори, студиото NEW GENERATION, и тоа со 30 свои учесници.

Прилепската група ќе настапи во повеќе категории, и тоа: соло точки во хип-хоп, два дуети, едно трио, две точки во формации, и секако најтешката категорија за изведба – продукција.

Менторот на групата од нашиот град, Оливер Богојевски вели дека ова е шанса за Прилеп и Македонија да испишат историја. Дечките се мотивирани и ги чекаме да се вратат со медали.

Да им посакаме среќа и одличен настап во Будимпешта!

Едно лице им подлегна на повредените по тешка сообраќајка на ул. “Прилепска” во Битола

На 04.06.2024 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Наум Наумовски“ со ул.„Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што подоцна починал. Со телесни повреди се здобила К.С.(53) од Скопје, сопатничка во возилото „шкода“, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција – информираат од СВР Битола.