дома блог страница 111

Вечер на староградска музика – “Звуците на градот”, во петок на платото пред “Марко Цепенков”

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи на 25 јули 2025 /петок/ од 20.30 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“.

Убава вечер на староградска музика во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи в петок вечер. На платото пред Цепенков со почеток од 20.30 часот ќе се одржи манифестацијата „Звуците на градот“, која веќе неколку години предизвикува интерес.

Ќе се претстават групи кои ја негуваат староградската музика.

Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат Женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „ Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, Октет Прилеп и КУД„Пензионер“.

Ова ќе биде уште една убава музичка вечер, што традиционално ја организиара ЦК „Марко Цепенков“.

Гости од Градскиот совет на Њу Орлеанс во Прилеп (ФОТО)

Во Општина Прилеп се одржа работилница на тема „Одговорен град и заедница“, насочена кон споделување на добри практики од Градскиот совет на Њу Орлеанс, САД, со цел унапредување на транспарентноста, одговорноста и активното граѓанско учество во локалното креирање на политики.

Во рамки на работната посета, во кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески се одржа средба со Алисон Поорт, шеф на кабинет на канцеларијата на Дистрикт Б при Советот на Њу Орлеанс, Климентина Ѓорѓиоска, учесничка на Програмата за решенија во заедницата, и Лили Виџинс, заменик директорка на Програмата, при што се разговараше за можностите за примена на добри управувачки практики на локално ниво.

Работилницата се одржа во просториите на Општина Прилеп, каде што присуствуваа претседателката на Советот на Општина Прилеп и членови на Советот. Беа презентирани структурата и работата на Советот на Њу Орлеанс, како и на Советот на Општина Прилеп, со фокус на можностите за соработка и локална примена на позитивни примери.

На крајот од настанот, на сите учесници им беа доделени сертификати за учество, а на градоначалникот Јовчески и на Советот на Општина Прилеп им беа врачени прогласи во знак на благодарност и поддршка за вклученоста во иницијативата.

Општина Прилеп останува посветена на промовирање на одговорно управување и градење силна, транспарентна и инклузивна заедница, преку поддршка на вакви иницијативи.

Aко немате потреба, не излегувајте надвор: Температурите ќе се искачат над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран од југ до сабота времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

В петок максималната температура ќе се движи од 37 до 42 степени.

Трамп бара апсење на Барак Обама!

Претседателот Доналд Трамп се чини дека побарал апсење на Барак Обама, откако шефицата на разузнавањето Тулси Габард тврдеше дека поранешниот лидер стои зад „едногодишен државен удар“ против него.

Габард, директорот на Националното разузнавање, во петокот декласификуваше стотици документи поврзани со истрагата за наводното руско мешање во изборите во 2016 година, објави Телеграф.

Таа тврдеше дека е-поштата открива заговор од страна на Обама за обид да ја поништи победата на Трамп, користејќи „фабрикувани и политизирани разузнавачки информации“ за да изгледа како лоши актери можеби влијаеле на исходот.

„Нивната цел беше да ја поткопаат волјата на американскиот народ и да спроведат она што во суштина беше едногодишен државен удар, со цел да се обидат да го узурпираат претседателот од исполнување на мандатот што му го даде американскиот народ“, рече Габард.

Нејзините тврдења ги повтори и Трамп, кој ги објави нејзините интервјуа со „Фокс“ и неколку други за ова прашање на „Трут Сошнал“.

И во неделата, тој дополнително ги ескалираше работите со повторно објавување на видео генерирано од вештачка интелигенција на TikTok со наслов: „Никој не е над законот“. Во видеото се прикажани голем број демократски политичари, меѓу кои Обама, поранешниот претседател Џо Бајден и Ненси Пелоси, кои ја повторуваат фразата „никој не е над законот“.

Потоа се преминува на дигитално изменето видео од Трамп и Обама како седат заедно во Овалната соба. Со мелодијата на YMCA од Village People, Обама е зграбен од агенти на ФБИ, врзан со лисици и одведен.

Видеото завршува со Обама облечен во портокалово одело зад решетки. Габард објави документ од 114 страници за кој вели дека покажува дека администрацијата на Обама била свесна дека немало закана од Русија „директно“ манипулирање со гласањето во 2016 година.

Таа повика на истрага и евентуално кривично гонење на секој што учествувал – што би можело да ги вклучи поранешниот претседател и Џејмс Коми, поранешниот директор на ФБИ.Документите открија внатрешни дискусии меѓу високи функционери на Обама за многу дебатираната улога на Русија на изборите во САД во 2016 година.

Иако многу од документите се сериозно редигирани или целосно затемнети, тие прикажуваат разговори меѓу омилените цели на Трамп, вклучувајќи го и поранешниот шеф на разузнавањето Џејмс Клапер, додека официјалните лица дебатираа како да ја опишат руската изборна активност.Документите открија дека „нема индикации за руска закана за директно манипулирање со самото броење на гласовите преку сајбер средства“.

Но, Габард вели дека документите покажуваат дека демократите одлучиле да го игнорираат ова – или дури и да го промовираат спротивниот наратив – за да се обидат да го соборат Трамп.

Mozzart ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Велес добива прекрасно теренче, кое ќе го носи името на легендата на прилепска Победа

Mozzart ја проширува својата позната хуманитарна иницијатива „Фудбалот е повеќе од игра“ и оваа недела ја носи токму во срцето на Велес! По успешно реализираниот прв терен во Охрид, сега и велешани добиваат мини-пич терен кој ќе го носи името на спортската икона Панче Ќумбев – гордост на градот.

Овој современ спортски простор ќе биде официјално отворен во вторник, 22 јули 2025 година, од 18:00 часот на улицата Петре Прличко бб.

Mozzart со оваа акција уште еднаш покажува колку спортот може да биде повеќе од само игра – тој спојува генерации, инспирира млади таленти и ја зајакнува локалната заедница.

Присутните ќе сведочат на уште еден силен симбол на тимски дух, пожртвуваност и љубов кон фудбалот. Секој постигнат гол на овој терен ќе биде потсетник дека спортот носи вредности поголеми од секој резултат.

По терените во Србија кои беа именувани по познати фудбалски имиња како Катаи, Митровиќ, Павловиќ и други, сега и Македонија ја добива својата фудбалска мапа со јунаци од нашиот простор.

По примерот на Гоце Толески во Охрид, сега и Панче Ќумбев ќе биде бесмртно запишан на новиот спортски објект – место каде младите ќе растат, тренираат и сонуваат!

Фудбалот не е само игра – тој е лекција, инспирација и животна школа!

Ристески и Дурмиши домаќини на висока делегација од Азербејџан – присутни повеќе инвестициски компании, како и државната нафтена компанија (ФОТО)

Ристески и Дурмиши денеска домаќини на висока делегација од Азербејџан.

Во делегацијата беа министерот за економија Михаил Џабаров, заменик-министерот за економија, Анар Акудов (Anar Akhundov), претставници од министерството за економија, од државната компанија за нафта и енергенси SOCAR, од Агенцијата за извоз и промоција на инвестициите на Азербејџан (AZPROMO), како и повеќе инвестициски компании.

-На средбата дискутиравме за повеќе прашања од областа на економијата, трговската соработка помеѓу двете држави и можностите за продлабочување на истата, како и можностите за инвестирање на компаниите од Азербејџан во Република Македонија и отворање на нови работни места. Република Македонија е држава која е атрактивна за инвеститорите, ние сме земја отворена за иновации, паметни инвестиции и одржлив економски развој – истакна заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Внимавајте на децата со базените во дворовите! Едно ипол годишно дете донесено во безсознание во прилепската болница

-На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание. На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Бензините поевтинуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.

Од 22.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,158 (денари/килограм)

(ВИДЕО) За миг им ја проголта цела мака и труд: Пожарот во прилепско Царевиќ проголта над 130 пчелни семејства, амбари, куќи….

Пожарот кој на 18.07. околу 10 часот избувна кај прилепското село Царевиќ, остави пустош зад себе. Изгорени викенд куќи, уништени големи пчелни семејства… За среќа повредени лица нема, но причинета е огромна материјална штета.

Според неофицијални информации, пожарот е подметнат и уапсени се две лица. Оштетените сопственици велат дека во селото уништени се повеќе од 130 пчелни семејства, а изгореа и три куќни амбари со алат. Првичните проценки се дека штетата изнесува над 90.000 евра.

Глетката е жалосна, а од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот се’ уште е активен – гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.

Кога естетиката, вкусот и традицијата ќе се спојат во едно – настанува вистинска магија каква што само Ресторанот “Порта” знае да понуди!

Она што го гледате не е само богата трпеза – тоа е симбол на врвна угостителска услуга, вкус, креативност и традиција. Ресторанот Порта од Прилеп уште еднаш го потврдува своето реноме како најдоброто место во градот за организирање на настани кои се паметат.

Овој спектакуларен кетеринг е доказ дека совршенството постои – внимателно подредени деликатеси, беспрекорно аранжиран избор на ладни предјадења, креативно сервирање и разновидност што ќе ги задоволи дури и најпребирливите вкусови. Ваква услуга не е само реткост – таа е единствена во Прилеп.

Од веридби, родендени и крштевки, па сѐ до деловни собири или гала прослави – Порта ви стои на располагање со професионален тим, врвен кетеринг и беспрекорно искуство. Со единствена прецизност и уметнички пристап кон секој детал, го претвора секој повод во незаборавна приказна.

Ова е единственото место во Прилеп каде традицијата се спојува со модерниот вкус и каде гостите се секогаш во центарот на вниманието. Со мени кое ги задоволува и најпрефинетите вкусови, и услуга која оди над очекувањата – Порта е повеќе од ресторан, тоа е доживување.

За моменти кои се паметат – изберете квалитет, изберете Порта!

📞 Контактирајте ги и резервирајте го вашиот датум уште денес – затоа што вашата свеченост заслужува само најдобро – тел: 078 368 111