дома блог страница 109

Условна пресуда за вработениот во прилепската болница кој проневери над 2 милиони денари

Условна затворска казна во траење од две години изрече Основниот суд во Прилеп против вработен во прилепската болница кој во периодот од август 2024 до април 2025 година противправно присвоил 2 110 640 денари наплатени од пациенти.

Како што соопшти Управата за финансиска полиција, службеното лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп сторило кривично дело Проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот иако ги вратил средствата, судот ја утврди вината и му изрече условна затворска казна во траење од две години, која нема да се изврши ако во наредните четири години не стори ново кривично дело.

-Овој случај е дел од пошироката истрага на Управата за финансиска полиција, која со месеци го анализираше финансиското работење на прилепската болница и истовремено ја потврдува нашата заложба за борба против корупцијата и злоупотребата на јавни средства. Враќањето на парите не ослободува од одговорност, правдата мора да биде еднаква за сите. Оштетувањето на јавниот буџет, особено во здравствениот сектор е недозволиво и секој обид за прикривање или игнорирање на вакви постапки претставува закана за довербата на граѓаните во институциите, информира Управата.

Општина Прилеп и Црвениот крст поделија вода на минувачите во центарот на градот (ФОТО)

Денес, Општина Прилеп во соработка со Црвен крст Прилеп, спроведе акција за делење вода за пиење на граѓаните и случајните минувачи во центарот на градот.

-Оваа активност е дел од нашите заложби за заштита на здравјето на граѓаните во услови на енормно високи температури. Поради екстремните горештини, како Локална самоуправа апелираме до сите граѓани да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките на Владата и стручните служби.

Препорачуваме:

– Да се избегнува престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00ч
– Да се внесуваат доволно течности
– Да се носи лесна и светла облека
– Постарите лица, малите деца и хронично болните да бидат под посебно внимание

Здравјето е на прво место! Грижата за заедницата не е само обврска – таа е наша заедничка одговорност – стои во соопштението од општина Прилеп.

Ексклузивно изненадување од p2p.mk за сите фанови на Next Time! 100 бесплатни влезници за големиот концерт во Битола

P2P.mk подарува 100 бесплатни влезници за концертот на Next Time во Битола
01 август | Ракометно игралиште | Почеток 20:00 ч.

Во пресрет на големиот летен концерт на Next Time во Битола, кој ќе се одржи на 1 август на Ракометното игралиште, платформата P2P.mk организира специјална промоција – со можност за добивање 100 бесплатни влезници.

Првите 100 граѓани кои ќе се регистрираат на www.p2p.mk ќе добијат гратис билет за концертот, каде како специјален гостин ќе настапи и Слаткаристика.

„Со оваа акција сакаме да се доближиме до младата и активна публика, но и да понудиме вредност што оди подалеку од финансиската – вредност на искуство, музика и момент што се памети,“ велат од P2P.mk, платформа која го спојува инвестирањето со лична грижа и долгорочна сигурност.

За да учествуваат, заинтересираните треба:
– да ја посетат веб-страницата www.p2p.mk
– да го пополнат краткиот формулар за регистрација
– да ја потврдат пријавата и да проверат дали се меѓу првите 100.

Концертот ќе започне во 20:00 часот, а влезниците се достапни и преку продажната мрежа на mkTickets по цена од 500 денари.

Јовчески: Започнува нова развојна фаза на Прилеп, ова се проектите кои со 8 милиони евра од Владата ќе се реализираат во нашиот град (ФОТО)

Со особено задоволство сакам да ве информирам дека Општина Прилеп во следниов период започнува нова, значајна развојна фаза – истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој ги презентираше проектите кои ќе се реализираат во општината со пари од државата.

Прес конференцијата на Јовчески интегрално ја пренесуваме во продолжение:

-Во Владата на Република Македонија минатата недела официјално ги потпишавме договорите за реализација на проектите што ги поднесовме преку јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за 2025 година. Со ова, Прилеп обезбедува нови инвестиции во вредност од приближно 8 милиони евра, насочени кон капитални проекти со директна корист за граѓаните.

Во наредниот период следуваат:

-Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“,

– Изградба на нов мост на ул. „Победа“,

– Реконструкција на влезот на градот од правецот на Македонски Брод – ул. „Орде Чопела“,

– Целосна реконструкција на ул. „Трајко Николоски“ со нови електроинсталации,
– Нови детски игралишта во центарот – зад Участакот – и во населбата Типски,
– Изградба на водоснабдителен систем за село Лениште,
– Реконструкција на цевководот кон Индустриската зона и манастирот во Селце,
– Поставување на фотонапонска централа на Пречистителната станица,
– Интеграција на SCADA системот со ГИС платформа,
– Замена на дотраената водоводна мрежа во центарот (делови од бул. „Гоце Делчев“, ул. „Кузман Јосифоски“ и ул. „Ленин“),
– Поставување полуподземни контејнери на 21 локација низ градот,
– Реконструкција на фасадата на ООУ „Рампо Левката“.

Сите овие проекти се од витално значење и претставуваат директен одговор на реалните потреби на нашите сограѓани. Ова е доказ дека кога работиме посветено, визионерски и чесно – резултатите не изостануваат.

Потсетување:
Во 2024 година, преку првиот јавен повик, Општина Прилеп веќе обезбеди 3 милиони евра за:
-Кружниот тек кај мостот „Табана“,
-Изградба на дел од ул. „Победа“,
-Реконструкција на водоводот во Карабдалица.

Водоводната мрежа е веќе завршена, а останатите проекти влегуваат во градежна фаза уште следната недела.

Ако го погледнеме вкупниот период од последните две години, можеме со гордост да кажеме дека, благодарение на поддршката од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Општина Прилеп обезбеди историска поддршка од 11 милиони евра директни инвестиции!

Но тука не застануваме!

Општина Прилеп обезбеди средства за реализација на уште два нови проекти за подобрување на животната средина и јавната инфраструктура, одобрени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.

„Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“
Финансиска поддршка: 2.500.000 денари

Цел: Набавка на мини багер за поефикасно и континуирано одржување на зеленилото низ градот.

И „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули“
Финансиска поддршка: 2.000.000 денари

Цел: Набавка на трактор со приколка и опрема за успешно пошумување и заштита на природниот локалитет.

Договорите за двата проекта се веќе потпишани и веднаш пристапуваме кон нивна реализација. По набавката, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со кое заедно ќе ги спроведеме активностите на терен.

Почитувани граѓани,
Ова не се само бројки – ова се конкретни дела. Ова се улици, мостови, водоводи, игралишта, решенија за животната средина. Ова е инвестиција во квалитетот на живот и во иднината на Прилеп.

Ќе продолжиме да работиме уште поодлучно, затоа што Прилеп заслужува многу – и тоа не само во зборови, туку и во дела!

Oпштините да аплицираат! Објавен нов јавен повик од Оперативниот план за вработување, можност за вработување на 300 лица

Новиот јавен повик е до општините и е поврзан со мерката 7 – Економија на грижа, подмерка Општинско-корисна работа, со која се предвидува ангажирање на 300 невработени лица за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво.
Заклучно 8 август општините треба да доставаат апликации до Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со цел работно да ангажираат невработени лица кои поседуваат соодветен сертификат за давател на соодветната услуга.
Невработените лица ќе бидат работно ангажирани со 40 часови неделно, во период од 18 месеци, каде 6 месеци ќе бидат финансирани од АВРМ, додека 12 месеци од општината, а за нивната работа ќе добијат надомест во висина од 28.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Повеќе информации на интернет страната на Агенцијата за вработување (https://av.gov.mk) или во некој од локалните канцеларии на Агенцијата.

Нова измама на социјалните мрежи, МВР со предупредување до граѓаните

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку “внатрешна програма” поради оштетена амбалажа.

-Ве известуваме дека станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни линкови или да остават лични податоци. Доколку забележите ваква објава:
НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави.
НЕ споделувајте лични информации.
НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, апелираат од МВР.

Компаниите за техника немаат тајни страници за “специјални” телефони, и не ги нудат производите преку социјалните мрежи или неофицијални канали.

Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами.

На последниот ден од јули се празнува голем празник и важен ден за жените

Православната црква и верниците на, 30 јули, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија, која е почитувана како борец за христијанската вера и заштитничка на жената.

Покрај православните, Огнената Марија ја почитуваат и католиците и оние од исламска вероисповед.

Денот на Светата маченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се смета за многу почитуван празник, особено кај жените, па затоа е обичај на тој ден да не се работи физичка работа или работа на нива. Во црковниот календар 30 јули не е означен со „црвена буква“, но жените на тој ден од почит кон овој празник одбиваат дури и да закачат игла.

Св. Во фолклорот се зачувани примери на оган или молњи кои гореле жито, сено и домови на луѓе кои згрешиле работејќи на празникот Огнена Марија во жешките празнични денови.

Светата маченичка Марина е родена во Антиохија, се крстила на 12 години, а на рана возраст ја изгубила мајка си, а татко и кога дознал дека е христијанка ја избркал од дома. На пат од Антиохија го сретнала епархот Олимбриј, кој отишол да ги прогонува христијаните. Бидејќи таа го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да биде изложена на најлошите маки.

Народното верување вели дека Огнената Марија гори и казнува со оган и дека громот на овој свет ден е лош знак. Тоа може да значи дека претстои тешка и сушна година, а постарите тврдат дека ваквите ситуации укажувале на болест и сиромаштија.

Кај православните особена стравопочит предизвикува Огнената Марија (која, инаку, во народната традиција е позната како сестра на Илија Громовник и Света Пантелија). На тој ден (30 јули по нов календар или 17 по стар календар) никој не работи бидејќи се смета дека на тој ден секоја работа е неправилна и грешна, дека секој што ќе ја наруши волјата Божја на тој ден. денот не може да ја очекува неговата милост.

Некои православни семејства го одбележуваат споменот на Огнената Марија како слава за крштевање. Моштите на овој светител почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонга над Охридското Езеро.

Добро утро со поглед кон Градскиот Саат во Прилеп и кафе за само 50 денари – перфектно место за уживање!

Сместен веднаш над Ресторан Порта, во строгиот центар на Прилеп, со прекрасен поглед кон Градскиот Саат, Terasa Pub Club е новото урбано катче кое ве кани на утринско будење со вкусно кафе по цена од само 50 денари, секој ден до 12:00 часот!

Но тоа не е сè – уживајте и во одличните промотивни пакети:

☕ Кафе + Добра Вода – 90 денари

☕ Кафе + Цевитана – 100 денари

☕ Кафе + Мохито Сода – 160 денари

Имаат решение и за пеколното време надвор!

Terasa Pub Club нуди избор од 30 различни видови пиво, совршено место за дневно или вечерно опуштање. Со модерен амбиент, поглед кон Градската Саат кула – ова е вистинското место за бегство од летните горештини.

Без разлика дали сакате утринска доза енергија или вечерен пијалак со пријатели – Terasa Pub Club ве чека со отворени врати.

Пиј, опушти се и уживај – високо над Прилеп, во срцето на градот.

„Ослободи ја ноќта – нурни се во забава!“ “Салида Аква Парк” вечева ве кани на нова журка и ноќно капење

Подготви се за нова ноќна авантура, журка под ѕвездите и вистинско летно освежување!

Забавата стартува вечерва со почеток од 20:00 часот во “Салида Аква Парк”, каде ви закажуваат нова забава со ноќно капење!

Од ди-џеј кабината ќе ве забавува DJ ANONYMOUS, а влезот е само 200 ден.

Повикај ја екипата, земете ги пешкирите и правец во “Салида Аква Парк” – вечерва уживаме во добро друштво, убава музика, водена авантура и забава до доцна во ноќта – што повеќе ти треба?

За сите останати кои сакаат да се разладуваат на жешкото сонце, аква паркот работи секој ден од 10 – 18 часот!

Уживајте во летото со “Салида Аква Парк”.

Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари – вкупно 7.000 денари повеќе за пензионерите!

Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите:
1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април), информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари повеќе. Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка. Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме, порача премиерот.