дома блог страница 107

Малолетник со тешки телесни повреди донесен во прилепската болница, откако паднал од моторцикл

-На 13.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 18.00 часот во с.Тополчани, прилепско, малолетник од Тополчани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Тополчани, констатирани во Градска општа болница во Прилеп.

Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

„Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица – најдобра претстава, седум награди за „Иванов“ на МНТ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја освои наградата за уметничко остварување на претставата во целина, на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Наградите на македонските јазик на денешната прес-конференцијата ги соопшти меѓународното жири во состав Марина Миливојевиќ-Маѓарев, претседател, Марина Катниќ Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ, членови. Струмичката претстава доби уште две награди – и тоа за главна машка улога за Васил Михаил за улогата на Силјан и за женска епизодна за Анкица Бенинова за улогата на Сања.

Претставата „Иванов“ од Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, а продукција на Македонскиот народен театар од Скопје освои дури седум награди. Тоа се:

-Награда за рекламен материјал – Зоран Кардула
-Награда за кореографија и сценски движења – Александар Зарапчиев, инструктор за техника на качување и движење на карпа и Нина Деан
-Награда за сценографија – Илина Ангеловска, Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска
-Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ – Ѓорѓи Јолевски за улогата на Лебедев
-Награда за главна женска улога – Дарја Ризова за улогата на Саша
-Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ – Григор Јовановски за улогата на Љвов
-Награда за режија – Зоја Бузалковска

Ова се останатите награди на фестивалот.

-Награда за музика – Ристо Вртев за „Дупло дно“ на Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
-Награда за костимографија – Симон Мачабели и Раде Василев за „Едвард Втори“ на Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
-Награда за современа сценска драматизација и адаптација – „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци – Скопје.
-Награда за современ драмски текст не се доделува.
-Награда за млада актерка – Јована Миладинова за Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“- Театар „Јордан Хаџи Контантинов – Џинот“ Велес и Драмски Театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.

Жирито додели и специјално признание за колективна актерска игра на ансамблот на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани од Народен театар Битола.

-Сакаме да искажеме задоволство поради можноста да видиме разновидни театарски поетики и жанрови што покажува богатство на продукцијата на современиот театар во Македонија. Посебно сакаме да го нагласиме големиот број на актерски креации на сите генерации актерки и актери. Значајна вредност на фестивалот е инспиративниот театарски амбиент, каде клучен придонес даде публиката. Се заблагодаруваме на целата организација која ни овозможи ваков театарски настан, а посебно тука ги истакнуваме волонтерките и волонтерите – рече актерката Варја Ѓукиќ.

Марина Миливојевиќ-Маѓарев истакна дека претставата „Црна дупка“ има хармоничен однос кон сите елементи на претставата – сценографијата одговара на стилот на претставата, глумата е усогласена со стилот, режисерската е јасна, но не е наметлива, и тоа што е значајно што актерите беа многу професионални и не им влијаеа техничките проблеми што ги имаа. Тие многу одлучно ја водеа својата претстава. Тие покажаа дека ја сакаат својата претстава. И многу е важно да се посочи дека играа дело според авторот во фокус.
Наградите ќе им бидат врачени вечерва на свечена церемонија во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 19.30 часот, а во чест на наградените ќе настапат Добрила и Дориан дуо. Вечерва ќе биде соопштена и наградата од публика, што се воведе годинава, по пауза од повеќе години.

Владата на заминување ги поздрави граѓаните – повисока цена на струјата?

Цената на струјата во државава ќе биде повисока. Одлуката била донесена вчера попладне на затворена владина седница. Владата во заминување одлучила државните електрани произведената електрична енергија да ја продаваат поскапо на универзалниот снабдувач, објави ТВ24.

Актуелната цена засега изнесува 57 евра за мегават час, а според информации на ТВ24 цената на ЕСМ по која ќе ја продава на универзалниот снабдувач ќе биде неколку евра повисока од досегашната. Тоа значи дека понудената намалена маржа кога ја даде претходно ЕВН нема да влијае за да се намали цената за домаќинствата и малите потрошувачи.

За ситуацијата да биде поделикатна, информациите на ТВ24 велат дека ЕСМ нема да го покрива целокупното количество на електрична енергија, туку на тендерот ќе понуди само 85 отсто од потребите за домаќинствата, останатото количество универзалниот снабдувач ќе мора да го обезбеди од друга компанија.

Претходно, сите очекувања како и владините најави беа дека цената на струјата ќе се намалува, бидејќи на светските берзи има тренд на пад на цената на електричната енергија.

36 поранешни пратеници ќе добиваат околу 2.000 евра, пари од државата

Вкупно 36 пратеници од претходниот собраниски состав побарале и добиле апанажа откако денеска собраниската Комисија за избори и именувања, со еден глас против, донесе решението за добивање на апанажа на уште седум пратеници што од власта што од опозицијата. Сите тие во следните шест месеци до една година, месечно ќе добиваат по околу две илјади евра, колку што изнесува една пратеничка плата – објави “МКД.МК”.

Апанажа побарале и добиле и сите владини функционери кои не станаа пратеници.

Пари од државниот буџет побарале и тројца вработени во кабинетот на сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски, но собраниската Комисија за избори и именувања ги одби нивните барања со образложение дека тоа се функционери кои не се избрани од Собранието.

На денешната собраниска комисија беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов кои ќе добијат по две просечни плати.

Комисијата го усвои и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители на членот Арбен Исаку.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски денеска ги потпиша и решенијата за плата на новите пратеници, на координатори на пратенички групи, на избрани претседатели на работни тела, на новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, како и на поранешна претседателка на судот, Добрила Кацарска.

ИЗВОР: MKД.МК

Лена е најмладиот пекар: Со само 9 години ги прави највкусните буреци и бели пецива (ВИДЕО)

На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ објавено е видео за најмладата мајсторка на бурек во Србија, а веројатно и во регионот, деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац, која почнала да прави печива на петгодишна возраст.

Родителите на деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац, во Србија, се сопственици на локална пекара, а таа од мала почнала да поминува време со нив во кујна.

На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ е објавено видео за малечката Лена која почнала да прави печива на петгодишна возраст.

Овој занает го научила од својот татко, а во видеото ги покажала своите вештини. Јутјуберот што го снимил на крајот имал можност да го проба бурекот што го направила.

„Ова ни е семејна традиција и тие учат по малку со мене“, вели нејзиниот татко во видеото додека покажува како го прават тестото заедно.

Стоејќи на стол за да стигне до работната плоча, Лена вели дека на осум години научила да прави пити, а на пет мали печива.

„Самата Лена покажа интерес да го научи овој занает, а јас сум тука да ѝ помогнам да научи да биде вистински мајстор за бурек и сѐ да прави со рака, а не со машина“, вели нејзиниот татко во видеото.

Во видеото се гледа како тие подготвуваат различни печива, од мини лепчиња за хот-дог до бурек, а вештите раце на ова мало девојче се синхронизираат со движењата на нејзиниот татко додека таа ја подготвува храната рамо до рамо со него.

Видеата од кулинарските вештини на Лена ги преплавија социјалните мрежи, а ова мало девојче предизвика воодушевување во целиот регион.

Важно известување! Водата од овие чешми во прилепско не одговара за употреба!

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – ј.ч сред село – водоводна мрежа , л.в.с Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа , Плетвар -крај патна Че -водоводна мрежа и л.в.с. Беловодица – двор- водоводна мрежа не одговара за употреба.

Во Битола поставен камен темелник за изградба на нов противпожарен дом

Откако заврши расчистувањето на теренот на стариот и руиниран магацински простор во старата касарна, денес на оваа локација беше поставен камен темелникот на новиот противпожарен дом.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски и претставници на Советот на општината, извршија увид на почетокот на изградбата на новиот објект, кој е од големо значење покрај за општина Битола и за околните општини Новаци и Могила.

Новиот објект на површина од 1600 квдратни метри се очекува до карабина да биде завршен до крајот на календарската година.

Koнцерти, претстави, изложби, филмски проекции… – Од 17 јуни до 16 август во Кавадарци се одржува “Стрит Фест”

Општина Кавадарци и ова лето го организира Кавадаречки стрит фест, кој ќе вклучи културно-музички случувања низ целиот град од 17 јуни до 16 август.

Во првата недела на фестивалот е предвидена заедничка програма со општина Ковин, Република Србија – или недела на македонско – српска култура.

-Во понеделник на самото отварање очекуваме присуство и на амбасадорката на Република Србија во Македонија г-ѓа Невена Јовановиќ, велат од општина Кавадарци.

Во првата недела од фестивалските случувања предвидени се поетски и театарски настани, а најголем интерес привлекува театарската претстава “Не се клади на енглези”.

Прилепскиот стопер ќе игра во азиската Лига на шампиони, се сели во Таџикистан

28-годишниот стопер од Прилеп, Дарко Илиески, својата кариера ќе ја продолжи во далечниот Таџикистан.

Поранешниот играч на Струга, Пелистер, Борец, Тиквеш, Победа, Металург, 11-Октомври, како и на словенечки Копер и ерменски Ширак, потпишува за Истигол Душанбе, најдобрата екипа во оваа држава, која минатата година ја освои двојната круна и ќе биде дел од азиската Лига на шампиони.

Илиески минатата сезона беше дел од редовите на Шкупи, но откако двете страни не се договорија за продолжување на соработката, дојде до оваа разделба.

Момироски: Прилеп нема да добие министер, а на Ивонче и го читале на глас извештајот за поразот

Најнова колумна на новинарот Зоран Момироски за минатонеделните случувања во Прилеп:

ДАЛИ ОД ЕДЕН ПА СО МОЖНОСТ ЗА ДВАЈЦА,Е ВОЗМОЖНО ПРИЛЕП ДА ОСТАНЕ БЕЗ НИТУ ЕДЕН МИНИСТЕР ВО НОВАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ?!? На ова прашање никој не може да дадеде дефинитивен одговор во партијата. Иако е веќе извесен составот на новиот кабинет на Мицкоски, можноста Прилеп да добие двајца министри се скоро никави. И покрај одличниот резултат што го постигна партијата на последните парламентарни избори во Општината како што стојат работите најверојатно Централата има објаснување за ,, жолтиот,,картон што суптилно му се спрема на градов.Слична или идентично иста е ситуацијата и со комплетирање на новиот состав на Советот на Прилеп. Одговорот на прашањето:ДАЛИ СЛЕДНИТЕ ДВАЈЦА ОД ЛИСТАТА НА СОВЕТНИЦИ ИНАКУ ДИРЕКТОРИ ЌЕ СЕДНАТ ВО СОВЕТНИЧКИТЕ КЛУПИ ИЛИ СЛЕДНИТЕ ДВАЈЦА се држи во неизвесност.А,со тоа доцни и изборот на претседател на Советот, кој треба да носи одлуки и ребаланс на буџет.Незнам дали да се разбере како сериозна пораката на Маркукуле: ,,ПРИЛЕПЧАНИ ОЧЕКУВАЛЕ ОД ТАНДЕМОТ ЈОВЧЕСКИ-СТЕРЈОВСКА ДА ГО ВРАТИ СЈАЈОТ НА ПРИЛЕП,, или е само уште една вкусна шега,на година пред новите локални избори?!?

На почетокот од неделва откако започна па беше прекинат отчетниот конгрес на СДСМ на овој фб профил на почетокот од неделва напишав: ОТЧЕТНИОТ КОНГРЕС НА СДСМ ВЧЕРА ЗАПОЧНАЛ ПА БИЛ ПРЕКИНАТ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ !!! ИЗВЕШТАЈОТ ЗА КАТАСТОРФАЛНИОТ , ПОРАЗ НА ПАРТИЈАТА НА ПОСЛЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ БИЛ НА 60 СТРАНИ.СЕГА СЕ НАМЕТНУВА ПРАШАЊЕТО: ДАЛИ ОДЛАГАЊЕТО Е НАПРАВЕНО ПОРАДИ ТОА ШТО МУ ТРЕБА ПОДОЛГО ВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ДЕЛЕГАТИТЕ КАКО НА ПРИМЕР КРСТЕ ,,ШОФЕРО,, ДА ГО ПРОЧИТААТ ОТИ ВО ЖИВОТОТ НЕ ЗНАМ ДАЛИ ИМААТ ПРОЧИТАНО ТОЛКУ СТРАНИ ПА СЕГА МУ ТРЕБА ВРЕМЕ?!?ИЛИ ПОРАДИ БАРАЊЕТО НА НЕКОИ ЛОКАЛНИ ПАРТИСКИ ШЕФОВИ ДА ГИ ПОДГОТВЕЛЕ ИЗВЕШТАИТЕ?!?КОИ ИЗВЕШТАИ БЕ МАЧНИ ДУШИ ДА ГИ ПОДГОТВИТЕ.КАФАНСКИНЕ, АРАМИСКИТЕ ИЛИ КОЦКАРСКИТЕ?!?!?Многумина од СДСМ во прилекси манир и хумор по овој пост злоамерници велат :КРСТЕ ,,ШОФЕРОТ,,И ИВОНЧЕ БОНБОНЧЕ ВО СВОЈСТВО МОРАЛО ЗАЕДНО ДА СЕДАТ И ДА ГО ЧИТААТ ОВОЈ ФАМОЗНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД 60 СТРАНИ?! ПРИТОА ,,ШОФЕРО ,,НА ГЛАС И ЧИТАЛ , А ИВОНЧЕ ГО СЛУША?!?

Меѓу време добив непотполни официјални информации кои упатуваат на сериозна сосотјба во партијата.
КОНГРЕСОТ НА СДСМ Е ПРЕКИНАТ ПОРАДИ ТИВКА ВНАТРЕ ПАРТИСКА ,,ВОЈНА,, МЕЃУ ДЕЛЕГАТИТЕ ОД СКОПСКОТО КРИЛО И ДЕЛЕГАТИ ОД ВНАТРЕШНОСТА.ТОА МУ ДОАЃА ,,ВОЈНА,, МЕЃУ ПРОВИНЦИЈАЛЦИТЕ ШТО СО ТЕК НА ВРЕМЕ ,,ГО ОКУПИРАЛЕ СКОПЈЕ,, ПА СЕ ПОГОЛЕМИ СКОПЈАНИ И ОД САМИТЕ СТАРИ СКОПЈАНИ СО 80 ИЛИ 100 ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА.И ОВИЕ КОИ ОСТАНАЛЕ ДА ЈА КРЕПАТ ПРОВИНЦИЈАТА.РАБОТАТА ОТИШЛА ДО ТАМУ ШТО НА КОНГРЕСОТ НЕ ПРИСУСТВУВАЛЕ ДЕЛЕГАТИ ОД ДВЕ ТРИ СКОПСКИ ОПШТИНИ И ДЕЛЕГАТИ ОД КУМАНОВО, КРИВА ПАЛАНКА ,ОД БИТОЛА ,ОД ОХРИД И НЕКОЛКУ ДРУГИ ГРАДОВИ ОД МАКЕДОНСКТА ПРОВИНЦИЈА. АКО ВО ОВАЈ СУЧАЈ НАЈВИСОКИОТ ПАРТИСКИ ОРГАН БИ ДОНЕЛО КАКВА ОДЛУКА ПА ДУРИ И ДА БИДЕ ПРИФАТЕН ОФИЦИЈАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОРАЗОТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ИЗГОТВЕН НА 60 СТРАНИ БИ ПРЕДИЗВИКАЛ И НЕГОДУВАЊА И ДОПОЛНИТЕЛЕН РЕВОЛТ. ОСТАНУВА ВО СЛЕДНИВЕ ДЕНОВИ ,,ОВЧАРОТ,,ДА СИ ГИ СОБЕРЕ ,,ОВЦИТЕ,, ВО ТРЛОТО И ДА СИ ГИ ПОДСТРИЖИ ОТИ ВОЛНАТА Е МНОГУ БАРАНА НА ОТВОРЕНИОТ ПОЛИТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ПАЗАР.

Во услови на невиден катастрофален пораз на СДСМ легитимно е да прашам:КАКО Е МОЖНО ОСНОВАЧИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА ДА СИ БИДАТ ПО СТРАНА И ДА СИ ДРЕМАТ ?!? НЕ БАРЕМ СО ГОДИНИ ТИЕ НЕ ЈАДЕЈА ПАРИ ОД ЧЛЕНСТВОТО ОД СИМПАТИЗЕРИТЕ ,ОД ПОДРЖУВАЧИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА И СО ГОДИНИ НЕ ГИ КОРИСТЕЈА БЕНЕФИТИТЕ НА СДСМ И НА ДРЖАВАТА .А МЕЃУ НИВ ИМА ЧЕСНИ ЛУЃЕ КОИ ЗНАЕЈА А СО ВРЕМЕ БЕА ЕЛИМИНИРАНИ ЕДЕН ПО ЕДЕН ОД ОВИЕ АЗДИСАНИ АПАШИ. СЕГА Е ВРЕМЕ ТИЕ ОСНОВАЧИ ДА ВРАТАТ ДЕЛ ОД ТОЈ ДОЛГ!!! ДА ЗАСТАНАТ И ВО СВОЈ СТИЛ ДА МУ КАЖАТ ,,МРШ БАГРО ,, НА СИТЕ КОИ ВО ИЗМИНАТИВЕ 10 ГОДИНИ ПА И ПОВЕЌЕ ГОДИНИ СИСТЕМАТСКИ ЈА УНИШТУВАА ПАРТИЈАТА.А ПРЕКУ ПАРТИЈАТА ГО УНИШТУВАА И НАРОДОТ И ДРЖАВАТА. ОВА НЕ СЛУЧАЈНО ГО ПИШУВАМ.ОТИ И СЕГАШНИТЕ САМО КАНДИДИРАНИ КАНДИДА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ПАРТИЈАТА СЕ ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА ПРВИТЕ И ПРЕДХОДНИТЕ.А,МОЖЕБИ И ЗА ТОА ШТО ДОПИРА И НЕКОЈ ЧУДЕН АМА ТИВОК ГЛАС КОИ КАКО ТИВОК ВЕТЕР ПРОДИРА НЕКАДЕ И НАНЕКОЕ МЕСТО.

Ако жителите на Општините Крушево и Кривогаштани не ги вадат ,,кубурите,, и не организираа ,,градско-селска ,,буна откако изведеувачот на градежните работи го прокопа и го затвори патот Прилеп – Крушево во близина на селото Врбјани беше донесена одлука.Па кубурите ги извадоја градоначалниците Томе Христоски на Крушево и на Кривогаштани Николче Мискоски. Пукаа против тој што без грам мозок издал дозовла овој патен правец една година да биде затворен за сообраќај, а со тоа да ги одсече преку оваа главна сообраќајна артерија двете општини со Прилеп .Наместо на ,,пиштолскиот ,, двобој да излезе тој што издал ваков докумнет од Министерството за транспорт и врски кое патем е задолжено да се грижи за граѓаните и за нормален тек на сообраќјот му се опнал Ејуп Рустеми директорот на ЈП за ДП оти тој бил инвеститор на зафатот. Не барем инвестира реконструкција со негови пари. А не со пари од граѓаните.Не само што им се заканил со кривична туку му идело да му удри по еден шамар ама се воздржал.Сега како ,,бајпас се користи нива не барем тука минат дрвени коли со коњи и луѓе со магарина. Сега најверојатно страмот го разбрале изведувачите па решеиле да прават како ,,бај-пас,,во должина од 300 метри по фази во форма на некоја си трета лента до самиот регионален пат и тоа од материјалот што ќе се гребе и вади од делницата.Дали и како ќе биде изведно и во функција на потребите ова привремено решение ќе покаже времето.

Откако се изнаслушавме и се изнагледавме во повеќе портали, се разбира за пари, за сите саеми организирани од прилепските средни училишта за упис за нови ученици НИТУ ЗБОР ЗА ЗАВРШНИТЕ СОВЕТИ ВО ИСТИТЕ УЧИЛИШТА.Стресот , трката и пазарот за повисоки оценки кај учениците, родителите и кај професорите заврши.Вообичаено се беше ангажирано и растрачно во функција на успехот.Професори од повозрасниот професионален ков отворено зборуваат дека ова никогаш не било.Ученици со по 9 единци некаде поминале добри, на други места многу добри ,а имало и поединци кои годината ја завршиле одлични .Средното образование е задолжително исто како и основното.Но не е задолжително сите да ја поминат годината.НЕМА ПРАВДА е коментарот на ученици кои со учење и знаење се одлични во споредба со ,,мајкините и тактовските мази,, кои едвај знаат кој професор кој предмет им го предава.Работата отишла до таму што во едно прилепско средно училиште на совет е одложен за ден подоцна поради професорски кавги. Иронијата да биде уште поголема и на советник во Советот на градов му било забрането да влези во училиште каде што неговите две деца учеле.И тоа по наредба на директорот. Некои тврдат дека тој добро е што навреме забележал колку е часот,па со наведната глава го напуштил училиштето. Ваков паши бозук во 2024 години не е прифатлив. КОЈ ПРИМЕР МУ СЕ ДАВА И КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ ЌЕ ИМААТ ОВИЕ НАШИ НОВИ ГЕНЕРАЦИ?!?!

ОВА Е 90 КОЛУМНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЛЕТНИТЕ ГОДИШНИ ОДМОРИ.КОЛКУ ЧОВЕК ПОМАЛКУ ЗНАЕ НА ОВИЕ ВИСОКИ ДЕНВНИ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ,ТОЛКУ ПОМАЛКУ ЌЕ МУ ВРИЕ МОЗОКОТ.А ТЕМИ И СОСТОЈБИ ИМА НЕ ДА ВРИЕ ТУКУ И ДА НИ ЗОВРИЕ .ЗАТОА СЛЕДНАТА КОЛУМНА ВИ ЈА НАЈАВУВАМ ЗА ПРВИОТ ПЕТОК ПО 15 АВГУСТ.МЕЃУВРЕМЕ ПРЕКУ ПОСТОВИ ЌЕ БИДЕТЕ ИНФОРМИРАМ НА ОВОЈ ФБ ПРОФИЛ.