дома блог страница 101

Најгурманското место во Прилеп заминува на краток заслужен одмор – ќе се вратат во ново, поудобно и пошироко издание!

Најгурманското место во Прилеп, ресторан Beer ti & ja, каде чорбите се приготвени со душа, скарата мами со мирис, а ширденот и печените коленици стануваат незаборавен вкус, заминува на заслужен годишен одмор.

📅 Од 31 јули до 13 август 2025 година, ресторанот нема да работи – но не само поради одмор! Во тој период, Beer ti & ja ќе се реновира и прошири, за веќе во август да ги пречека своите верни гости во ново, поудобно и пошироко издание.

Помеѓу старите рецепти и новите простори, останува истата љубов кон храната и истото топло добредојде кое ги прави сите посетители дел од оваа вкусна приказна под Марковите Кули.

Затоа, се гледаме повторно наскоро – со повеќе место, уште повеќе вкус и уште подобар ресторан Beer ti & ja!

Прилепчани на шопинг во Битола ќе влегуваат по нов асфалт (ФОТО)

На улицата „8 ми Септември“ се изведува асфалтирањето со втор слој асфалт, во должина од околу 800 метри, од левата коловозна лента.

Градоначалникот Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и дел од општинската администрација задолжена за реализацијата на проектот,
извршија увид во завршната фаза од асфалтирањето на терен.

Со завршувањето на комплетниот слој од асфалтирањето на оваа делница, во наредните денови се очекува нов времен режим. Сообраќајот ќе биде
пренасочен на новоизградената сообраќајна лента, со цел градежните активности да продолжат од десната страна на коловозот.

Во меѓувреме, покрај асфалтирањето на реконструираниот прв дел од булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп, заврши поврзувањето
на новата водоводна линија ф450 со постоечката.

Oбиколницата од “Лукоил” до “Салида” кај Прилеп, три дена ќе биде затворена за сообраќај

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 до 6 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

– Поради изведување градежни активности на вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколницата на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсницата кај бензинската станица „Лукоил“ до клучката кај бензинската станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда – соопшти компанијата.

Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

Голем пожар кај оранжериите во Прилеп – сите противпожарни возила на терен (ФОТО/ВИДЕО)

Голем пожар претпладнево избувна кај оранжериите во Прилеп. Повеќе противпожарни возила се упатија на терен. Над градот се издигаат густи облаци со чад, а пепел лета дури до центарот на градот.

Засега нема информации што гори и дали се загрозени станбени објекти. Повеќе информации во текот на денот.

Николоски: По 200 нови туристи секој ден oд Германија, Франција и Англија слетуваат во Македонија

Секој ден на скопскиот аеродром слетува по еден авион со туристи од Германија, Франција или Англија, тоа се 200 туристи секој ден. Од месец октомври на охридскиот аеродром секој ден ќе слетуваат по два чартер авиони со по 400 туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервју на ТВ Канал 5.

Тој потенцира дека владините политики за поддршка за воведување на нови авиолинии ги даваат ефектите, тоа е 20 проценти повеќе или за 101 илјада повеќе туристи споредено со минатата година.

“Мај месец во споредбa со мај месец минатата година има зголемување од 101 илјада туристи повеќе. Број еден е Скопје и треба да е Скопје бидејќи трендовите на туризмот се менуваат, главно главните градови или туристичките центри се број еден туристичка дестинација во светот, луѓето сакаат да патуваат, да истражуваат. Така да број еден е Скопје, број два е Охрид, во проценти имаме за 20 % повеќе споредено со минатата година и тоа е рeзултат на две политики. Едната на подршка на чартер летови. Секој ден на скопскиот аеродром слетува по еден авион со туристи од Германија или Франција или Англија, тоа се 200 туристи секој ден. Од октомври месец ќе идат два авиони, ќе слетуваат на охридскиот аеродром, значи ќе имаме 400 нови туристи секој ден, дополнително на тоа е чартерот од Манчестер и дополнително на тоа е за 9 месеци отворивме 11 нови авонски лиинии што секако имаме ефект, затоа што ја променивме политиката на субвенционирање и даваме субвенции на патници што доаѓаат, затоа што поентата е да подржите повеќе луѓе да доаѓаат во државата, а не да заминуваат. Претходно се давало субвенции за заминување од државата. Така да тие диркетни летови многу менуваат, се отворија дестинации од Скопје кои претходно ги немаше, се отворија од Охрид кои претходно ги немаше, така да овие сите летови го даваат својот ефект”– истакна вицепремиерот Николоски.

Македонскиот тим одличен на Олимпијадата по биологија на Филипини – меѓу нив и гимназијалецот од Прилеп, Георги Николоски

На 36. Меѓународна олимпијада по биологија (International Biology Olympiad – IBO 2025), која се одржа во Кезон Сити, Филипини, од 20 до 27 јули 2025 година, македонскиот тим постигна одлични резултати во конкуренција од 78 држави.

Македонскиот тим беше составен од:

• Теона Ана Георгиевска, ученичка од III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
• Емилиа Аврамоска, ученичка од II година, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
• Георги Николоски, ученик од III година, СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп
• Ања Спасевска, ученичка од IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

Во силната меѓународна конкуренција, македонските ученици постигнаа забележителен успех:

🏅 Бронзен медал за Теона Ана Георгиевска
🎖️ Пофалница за Георги Николоски

Илинденско Послание на г.г. Стефан: Првиот Илинден од 1903 беше семе за вториот од 1941, на третиот во 1991 г. повторно не огреа Сонцето!

„Од подвигот и сведоштвото на пророкот Илија, до денешен ден, минаа многу векови. Отпадништво од верата сѐ уште има, а во многу делови на светот присутни се судири и војни. Нашата Македонија, пак, продолжува да биде пред постојани искушенија, оспорувања и лажни ветувања. И понатаму, за жал, светот го раководат лагата, користољубието и желбата да се завладее туѓото врз принципот на посилниот. Затоа, во ова и вакво време, секој вистински богољубец и човекољубец треба да биде миротворец, треба да биде пример во доброто! Без такви личности постои опасност светот да постане место без надеж и иднина! Затоа верата, подвигот и љубовта на пророкот Илија, но и на сите светии и угодници Божји, треба да бидат пример за следба!“, вели во Илинденското послание Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан.

Во Посланието, обраќајќи се на „возљубените потомци на славните илинденци“, тој го цитира „великиот“ пирински војвода, Јане Сандански, кој рекол: „Да живееш, значи да се бориш: робот – за слобода, а слободниот – за совршенство“ и додава дека овие негови зборови ја разоткриваат смислата на постоењето!

„Тие сведочат за потребата човекот како личност, но и секој народ, да се бори за својата слобода! Па оној којшто нема слобода не може да се пројави во времето на овој свет, а и не може да принесе плод од своето постоење – и пред историјата и пред Творецот. Затоа славните илинденци ја започнале својата борба, иако биле свесни за неповолната историска реалност, како и за присутното неединство и честите предавства. Копнежот по слободата ги храбрел да се кренат против силната Османлиска империја, но и да покажат дека постојат и дека за народот кому тие му припаѓаат треба да има место под сонцето. И со тој подвиг покажале дека Македонците и Македонија не се умртвени ниту по многувековното ропство, и дека се желни за слобода. Тој нивни обид, кога требаше, на следните поколенија им овозможи да ја продолжат борбата на илинденците и, конечно, да дојдат до слобода!“ вели г. г. Стефан.

Според него, не случајно славните илинденци својата борба за слобода ја започнале на денот посветен на светиот пророк Илија. Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода. Првиот Илинден, од 1903-тата, вели Архиепискотот, бил само зачеток, бил семе за вториот Илинден, од 1941-та година, по кој, „на дел од Македонија, ние Македонците се здобивме со своја држава“. Тој се осврнува и на третиот, Илинден, од 1991-та година, кога Сонцето над Македонија повторно изгреа и, како што вели, „таа повторно се појави на светската историска сцена“ со тоа што стана стана независна и суверена држава, а Македонците отворено го прифатија предизвикот да го одбранат своето и да му засведочат на целиот свет дека се мудар, достоинствен, човекољубив и богољубив народ.

„Секое поколение има свој предизвик и своја борба! Ние, нашево поколение Македонци, треба да покажеме дека можеме и умееме да бидеме способни да изградиме напредна и праведна заедница! А за тоа е потребно да застанеме против: неодговорноста, неединството, неморалноста и нељубовта помеѓу нас! Конечно, да разбереме дека само со чесност и со слога, на национален и на духовен план, можеме да очекуваме напредок и добробит за сите.

Светиот пророк Илија во својата духовна борба против непријателите на вистината немал војска, немал институции, немал земни богатства, но го имал најважното – Го имал Бога и Неговата помош! Слично нему, и многу векови подоцна, апостолот Павле, кога во видение бил повикан да дојде во Македонија и да помогне, зад себе немал империја, немал организирана институција, но Го имал Господа Христа, Кого Го проповедал!

Затоа, возљубени, искрено да се молиме и мудро да ја чуваме придобивката од трите Илиндена, та Бог, Кој ги водел и пророкот Илија, и апостолот Павле и свети Климент Охридски и сите Негови светии, секогаш да ја закрилува нашата Света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, и да ја благословува нашата Татковина – Македонија, но и сиот овој свет, а сите да нѐ чува од злото и да нѐ воведува во секое спасително и радосно дело! Амин!

Честит Илинден!“ порачува г. г. Стефан во завршниот збор од своето Послание до „возљубените чеда на Мајката Македонска Црква“, се наведува во Илинденско Послание на г.г. Стефан.

Отворен саем на книги во рамките на “Битфест 2025” во Битола (ФОТО)

Под слоганот „Светот во страници“, во рамките на Битфест 2025, беше отворен саемот на книги, под платото на Народниот театар во Битола.
Седум учесници, со свои штандови и различна литература, ќе го доближат пишаниот збор до секоја генерација, преку ликовите за најмладите, до
литература која ги задоволува вкусовите на најприбирливите читатели. Со сопствен штанд со книги е застапена и НУУБ „Св. Климент Охридски“
Битола, а меѓу излагачите се и „Бата прес“, „Антолог“, „Прозарт медиа“, „Топер“, „Матица македонска“ и „Збор“.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека патувањето низ страниците на пишаниот збор е вистинско
патување кон себе си, надежта, кон непознатото, но и кон научните достигнувања и стручните, експертски анализи.

„Вечерва со отворањето на овој Саем на книги, битолската ризница на научната мисла и пишаниот збор НУУБ „Свети Климент Охридски“, активно
работи на доближување на пишаното богатство, до сите наши сограѓани, а пред се до нашите најмлади, кај кои мораме сите заедно да ја
поттикнуваме љубопитноста, а со тоа да ги поттикнуваме да читаат, зошто нели и нивниот омилен херој – Спајдермен – чита. Битола е град со голема културна историја, а многу битолчани се веќе докажани читатели, зошто книгата е нашата најмоќна врска со минатото, со сегашноста, но и со визијата за иднината.

Затоа, на овој настан, создаваме можности, но славиме и идеи, мисли, соништа и светови што се отвораат преку читањето. Од срце им благодарам на организаторите, на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, и на сите учесници, кои вложија љубов и ентузијазам во оваа приказна што верувам ќе трасира нови патишта на животен напредок, кај секој оној што ќе избере добра книга од богатиот избор на наслови на овој саем“, рече Коњановски.

Пред присутните се обрати и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“

– Битола, Емилија Стефановска Давкова. Саемот на книги ќе биде отворен за сите посетители до 1 август, кои по саемски цени можат да ги набават своите омилени дела.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во првите денови од следната седмица.

BrainyBee – Нов стандард за дневна грижа и едукација на деца – НАСКОРО во Прилеп!

Наспроти ООУ „Кочо Рацин“, веднаш до продажниот салон на “Електро Опрема”, наскоро Прилеп ќе го добие BrainyBee – уникатен дневен и едукативен центар за деца од прво до петто одделение, кој ветува безбедност, квалитет и бесценето детско искуство.

Центарот ќе го водат млади, едуцирани педагози, кои со посветеност и ентузијазам ќе вложуваат неизмерна љубов и внимание во секое дете. Ги краси огромна енергија, ентузијазам и едвај чекаат да го пренесат сето она што го знаат на своите идни ученици.

Што ќе понуди BrainyBee и во што ќе се разликува од конкуренцијата во градот?

-Ќе го краси прекрасна работна и топла атмосфера, учениците ќе се чувствуваат како дома, опкружени со љубов, топлина и внимание какво што заслужуваат;

-Дечките ќе добиваат грижа и поддршка каква што заслужуваат;

-Домашните задачи ќе бидат задоволство, а не главоболка за вашите најмали, ќе добиваат беспрекорна стручна помош од вредни и стручни наставници и воспитувачи;

-Учениците со леснотија ќе се подготвуваат за тестови и ќе го разбираат школскиот материјал;

BrainyBee ќе биде место со многу креативни работилници, игра, дружби…;

-Децата ќе стекнуваат нови другарства, ќе создаваат убави спомени и интелектуално ќе се развиваат и надополнуваат едни со други;

-Дневниот престој во цената вклучува и редовен вкусен и здрав оброк, како и превоз за учениците.

Наш совет е да побрзате и навреме да се јавите на телефонскиот број: 075 639 635, интересот е веќе голем, а тимот на BrainyBee нуди одличен попуст од 20% за сите уписи во јули и август.