дома блог страница 100

1.000 денари месечно за струја – проверете дали ви следува

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека Владата ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Со оваа програма се издвојуваат 42,3 милиони денари од државниот буџет за директна финансиска поддршка на граѓани кои живеат во енергетска сиромаштија – особено лица со попреченост и корисници на гарантирана минимална помош.

– „Целта е да обезбедиме сигурна и достапна енергија за најранливите. Финансиската поддршка ќе помогне на домаќинства со сериозни социјални и здравствени предизвици,“ информираат од Министерството. Поддршката ќе се спроведува по принципот „најниски приходи“, додека не се исцрпат предвидените средства. Секоја избрана апликантска единица ќе добива месечна поддршка од 1.000 денари, кои директно ќе се одбиваат од сметките за електрична енергија во период од 12 месеци од поднесувањето на барањето.

Распределба на средствата: 2,3 милиони денари за домаќинства со лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост 19 милиони денари за домаќинства со најтешка телесна попреченост 9 милиони денари за домаќинства со потполно слепо лице 12 милиони денари за домаќинства со потполно глуво лице Јавниот оглас за аплицирање ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk) и во два дневни весници. Граѓаните ќе имаат рок од 30 дена за поднесување на барањата, а апликацискиот образец ќе биде достапен онлајн и во архивата на Министерството. За аплицирање ќе биде потребна соодветна документација. Селекцијата ќе ја вршат четири специјализирани комисии, формирани според видот на попреченоста, составени од службеници од Министерството. Листата на избрани корисници ќе биде јавно објавена.

Дополнителни олеснувања од програмата: Ослободување од трошоци за повторно приклучување Приоритет при отстранување дефекти Забрана за исклучување од електрична енергија поради неплатени сметки во зимскиот период Од Министерството апелираат сите граѓани кои ги исполнуваат условите да се информираат и да аплицираат навреме.

Кафе + вкусен кроасан за само 100денари, кој би рекол? Вака денот може да започне само во еден локал во Прилеп (ФОТО)

Започни го денот на вистински начин – со свежо кафе и топол кроасан настрана од градската гужва во пријатно и прекрасно уредено место.

Brunch Box Cafe, сместен веднаш до градската болница, ве кани на вкусно утринско уживање по најповолна цена во градот.

За само 100 денари, добиваш:

✔️ Ароматично кафе по избор
✔️ Свеж и крцкав кроасан кој се топи во уста

Идеално место за да се опуштиш, да го почнеш денот со стил, или да си земеш кратка пауза со доза вкус и мир.

📍 Те очекуваме секој ден во Brunch Box Cafe – твоето ново омилено место за кафе!

Носи 3,4 тони вода: Со чешко чудовиште од 70 милиони долари се гаснат пожарите во Македонија (ВИДЕО)

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка веќе е на терен во гаснењето на пожарите во Македонија. Станува збор за едно од најмодерните летала за вонредни ситуации.

Хеликоптерот е со големо ведро од 3,4 тони вода.Во зависност од опремата нов чини и до 70 милиони долари, а можат да се купат и за пет милиони долари со поскомна опрема.

https://x.com/hasici_cr/status/1950123932738105434/video/1

Вечерва во Цепенков промоција на поетската збирка “Скршен терариум” од Филипа Сара Попова

Литературно-издавачката дејност при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ја продолжува својата серија литературни промотивни настани, овој пат во летен амбиент.

„Поетскиот терариум“ замислен како настан со поетско-дебатен дискурс чиј примарен фокус ќе биде промоција на дебитантската поетска збирка на Филипа Сара Попова (1998) – „Скршен терариум“ ќе се одржи вечерва од 20.00 часот.

За оваа збирка Попова ја доби поетската награда „Млада Струга“ 2024 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант доделена од НУМ „Струшки вечери на поезијата“.

Преку луциден, бескомпромисен автореференцијален преиспитувачки стихопис, Попова со својот израз исполнет со отсечни поетски слики, предизвукува на отворен дијалог за актуелниот статус, состојба и релевантност на поезијата во современ контекст, но и на потребата од превреднување на самата реалност преку поезијата.

Разговорот ќе го води Кирил Бисероски.

Модератор: Александар Еленин

Николоски со нова убава вест: 5 нови авиолинии до скопскиот аеродром од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот:

“Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје.

Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје.

Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром. Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година.

И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром.

Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии.

Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија.

Нека е аирлија! – изјави вицепремиерот Николоски.

Почнува со работа Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Битола

Во Основното јавно обвинителство во Битола денеска ќе биде пуштен во функција Истражен центар.

Како што соопштија од Државното јавно обвинителство, официјалниот старт на работа на Истражниот центар ќе го означат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола Оливера Нечаковска.

Истражни центри досега се формирани во ОЈО Скопје, во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, како и во основните јавни обвинителства во Тетово и во Куманово.

Истражителите од истражните центри самостојно преземаат голем број различни дејствија – прибирање документација, барања до институции, учествуваат при претреси и лишување од слобода на лица, а се ангажирани и во дејствија на меѓународна соработка со истражни органи од други земји.

Вардар вечерва во Лозана брани гол предност од Скопје: “Ќе покажеме што и колку можеме”, рече Седлоски

Тмот на Вардар брани еден гол од победата од (2-1), а тренерот Гоце Седлоски е крајно претпазлив пред реваншот.

„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите. Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме подготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам добар меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“, изјави Седлоски.

Најгурманското место во Прилеп заминува на краток заслужен одмор – ќе се вратат во ново, поудобно и пошироко издание!

Најгурманското место во Прилеп, ресторан Beer ti & ja, каде чорбите се приготвени со душа, скарата мами со мирис, а ширденот и печените коленици стануваат незаборавен вкус, заминува на заслужен годишен одмор.

📅 Од 31 јули до 13 август 2025 година, ресторанот нема да работи – но не само поради одмор! Во тој период, Beer ti & ja ќе се реновира и прошири, за веќе во август да ги пречека своите верни гости во ново, поудобно и пошироко издание.

Помеѓу старите рецепти и новите простори, останува истата љубов кон храната и истото топло добредојде кое ги прави сите посетители дел од оваа вкусна приказна под Марковите Кули.

Затоа, се гледаме повторно наскоро – со повеќе место, уште повеќе вкус и уште подобар ресторан Beer ti & ja!

Прилепчани на шопинг во Битола ќе влегуваат по нов асфалт (ФОТО)

На улицата „8 ми Септември“ се изведува асфалтирањето со втор слој асфалт, во должина од околу 800 метри, од левата коловозна лента.

Градоначалникот Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и дел од општинската администрација задолжена за реализацијата на проектот,
извршија увид во завршната фаза од асфалтирањето на терен.

Со завршувањето на комплетниот слој од асфалтирањето на оваа делница, во наредните денови се очекува нов времен режим. Сообраќајот ќе биде
пренасочен на новоизградената сообраќајна лента, со цел градежните активности да продолжат од десната страна на коловозот.

Во меѓувреме, покрај асфалтирањето на реконструираниот прв дел од булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп, заврши поврзувањето
на новата водоводна линија ф450 со постоечката.

Oбиколницата од “Лукоил” до “Салида” кај Прилеп, три дена ќе биде затворена за сообраќај

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 до 6 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

– Поради изведување градежни активности на вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколницата на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсницата кај бензинската станица „Лукоил“ до клучката кај бензинската станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда – соопшти компанијата.

Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.