(Bидeo) Гимназиjaлците Дopa Joванocка и Bиктop Kocтадинocки изpaботиja одличен докyментapeн филм за Ченто

Македонец, политичар, усесник во Народноослободителната вojна, државотворец, cтpaдалник… Ова се само неколку зборови кои го опишуваат човекот за кој гимназијалците Дора Јованоска и Виктор Костадиноски изработија краток документарен филм.

Филмот е изработен во контекст на наставата по предметот историја и низ него со автентични фотографии, со вистински документаристички пристап, нарација и монтажа, се објаснува животот, делото и тажната судбина на овој голем македонски син, патриот и наш сограѓанин.

Методија Андонов – Ченто е Прилепчанец, македонски патриот кој уште од младите години е поборник за македонска држава поради што српските власти го оцениле како сепаратист – автономист. Со неговите ставови за повеќе права и слободи на македонскиот народ, со неговата бунтовност и борба за употреба на македонскиот јазик во училиштата стекнува многу поддржувачи меѓу самите прилепчани и интелектуалните кругови. Големосрпскиот режим во два наврати го осудува Ченто со казна затвор.

И во времето на бугарската окупација на Македонија, Ченто е осуден од бугарските власти поради антидржавно дејствување.

Во 1943 се вклучува во македонското ослободително движење, каде избран е за претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ. На Првото заседание на на АСНОМ избран е Президиум со функција на Влада, на чело со Методија – Ченто, а донесени се и повеќе државотворни акти со кои се поставени темелите на Македонската држава. На сите нив стои потписот на Методија Андонов Ченто.

Како застапник на идеите за поголема самостојност на републиките во федерацијата и инсистирањето за обединета Македонија, во 1946 осуден е од југословенските власти за сепаратизам и про-американско дејствување. Во затворот бил до 1955 година, по што во тешка здравствена состојба по две години починал во родниот град Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.