Уништувачите на лип не ги оставаат ниту мртвите да почиваат во мир во Прилеп… Еве на каква слика наидоа наши сограѓани кои денеска ги посетиле вечните почивалишта на своите ближни. Уништени гранки и сенки, поедници газат врз надробните плочи за да ги испокршат гранките…
Сите сме свесни дека станува збор за егзистенција, но ова не е начин на кој се бере плодот од липа. Граѓаните бараат МВР под итно да се позанимава со ваквата појава, да има поголеми контроли периодов, и да се санкционира секое вакво дивеење и уништување.



























