4.000 лица земале минимална помош без да ги исполнуваат условите – Mицкоски најави детални проверки!

Околу 4.000 корисници на гарантирана минимална помош не ги исполнувале условите за остварување на ова право, а финансиската вредност на исплатите изнесува околу половина милијарда денари годишно, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил.

Тој информира дека во соработка со Министерството за внатрешни работи се врши усогласување на базите на податоци, со цел да се провери дали лицата кои добиваат гарантирана минимална помош навистина ги исполнуваат законските услови.

Според Мицкоски, со оваа проверка треба да се утврди кои корисници имаат право на финансиската поддршка, а кои ја користат иако не ги исполнуваат потребните критериуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.