4 години 40 пати пpeд камepa, за дoceга 35% завpшена paбота

„Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Оваа Влада покажа решителност да ги изгради и најтешките инфраструктурани проекти во државата. Избрани се нови изведувачи за првата и втората фаза и патот активно продолжува да се гради.“ – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увид на градежните работи на првата фаза од експресниот пат од Градско до Дреново.

Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг.

Во однос на втората фаза, од Дреново до Фаришка клисура, градежните работи ги презема компанијата Синохидро. Прогресот на градежните работи до сега е 35%, а инвестицијата е вредна 32 милиони евра.

Министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Рустеми заедно со градоначалниците од Прилеп, Градско и Росоман, денеска извршија увид во изградба на првата фаза кај Градско.

„Од денеска засилуваат градежните активности за изградба на овој експресен пат, проблемите со старите изведувачи за првата и втората фаза се надминати, избрани се нови изведувачи и ги уверуваме граѓаните на Прилеп и Пелагонија дека за две години од денеска ќе возат по модерен и безбеден експресен пат. Вкупната инвестиција е 64,5 евра. Знаеме колку им е потребен на граѓаните заради побрза комуникација, заради поголема безбедност во сообраќајот, заради развој на Пелагонија и регионот и уверуваме дека работиме со сите напори овој патен правец да го финишираме.“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој додаде дека активно се работи на подготовка на документацијата и за проширување со по уште една лента во двата правци на потегот од мостот на Ленишка река до влезот на Прилеп. Очекуваме тендерот да се распише до крајот на 2021 година.

На денешниот настан свое обраќање имаше и директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми.

„Експресниот пат Градско – Прилеп е поделен на 3 делници. Делницата Градско – Дреново е со должина од 15,5 км. Предвидени се 5 вијадукти/мостови, 4 надпатници, 4 подпатници и две клучки кај Градско и Росоман. Содржи две возни ленти од 3,5 метри, две ленти за застанување од 2,5 метри и по две рабни ленти, со вкупен патен профил од 12,4 метри.“ – изјави Рустеми.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.