28-годишен прилепчанец излетал од патот пред село Трновци: Во автомобилот имало и две деца

Во 11.24 часот на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци, битолско, 28-годишниот А.А. од Прилеп, управувајќи патничко возило „Застава-128“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Притоа, со повpeди се здобиле две деца на возраст од две и три години.

Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.