Прилепчани со убедлива победа за крај на сезоната: И в година прволигаши, иако спортот е на маргините (ФОТО)

Со убедлива победа против Голден Арт, екипата на РК Прилеп стави крај на сезоната и го запечати своето учество во суперлигашкото друштво и идната сезона.

Во последното коло од суперлигашкиот плеј-аут, прилепчани во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, полесно од очекуваното дојдоа до победа против од 31:25 (полувреме 18:10).

Најефикасни во домашната екипа, со по пет погодоци беа Грузијците: Уча Гамзардија и Мириани Гавашелишвил, а пет погодоци постигна и Антонио Бурчески.

Прилепската спортска јавност се надева дека надлежните заедно со бизнис секторот ќе смогнат поголеми сили, за идната сезона РК Прилеп да не биде само учесник во Супер лигата, туку и да се врати во плеј-оф разигрувањето за излез во Европа.

ФОТО/Фејсбук/https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02MWtf3Tp5ZLfDLGQfbqAQHiv5HZEh3rTdymFNKrh4aSMbdQssgMCzBeqFXuVPh9bVl&id=100547865025303




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.