15-годишно девојче од Битола гордо го виори македонското знаме и ги собира сите награди надвор од Македонија (Видео)

15-годишната Теодора Мицевска од Битола е девојче со ангелски глас. На јавноста и стана позната по прекрасната изведба на песната “Вечниот Бог” во пресрет на минатогодишниот Божик, но Теодора зад себе има и голем број успеси и награди од светски и интернационални фестивали како единствен претставник од Македонија.

Со пеење се занимава од својата десетта година и каде и да се појави досега освојува гранд при награди.

Од 24 до 31 август Теодора ја претставуваше Македонија на фестивал во Бугарија, каде освои две први места и беше победник во номинацијата фолклор.

-За мене ова доживување. Беше нешто што во мене уште повеќе го разгори огнот на љубовта за изворната стара музика. Фестивалот се одржуваше од 24 до 31 Август. Атмосферата беше прекрасна, настапував во категоријата фолклор. Имаше учесници од целиот свет. Конкуренцијата беше голема, ама успехот излегува на виделина. Исто така добив награда за најубав костим на целиот натпревар. Настапував со едни од моите најомилени песни “Зајди Зајди” и “Изглегов да се расшетам”, кои ги испрезентирав со солзи во очите. Осумчленото жири беше воодушевено и со солзи во очите го поздрави мојот настап, со што ми дадоа голема желба и мотив за понатамошни натпреварувања. Иако ова ми беше едно од многуте натпреварувања што ги имам поминато, сепак кај мене остави сентиментално приврзување за прекрасното настапување, вели Теодора.

Проследете го настапот на Теодора во продолжение:






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.