12 медали во еден викенд за џудистите од “Сеишин”: Викендов покрај во Прилеп се натпреваруваа и во Србија (Фото)

Викендов Џудо Клубот Сеишин имаше повеќе активности како на домашен така на меѓународен план. Имено активностите започнаа во петокот на 01.11.2019 кога еден дел од членовите на Сеишин Прилеп заедно со тренерот Дејан Мицкоски беа на гости кај збратимениот џудо клуб Џунс во Нови Сад, каде се одржа заеднички тренинг под раководство на Проф. Др. Славко Обадов (9 Дан) и Дејан Мицкоски (2 Дан).

Веднаш потоа Сеишин на 02.11.2019 на покана на Џудо Федерацијата на Војводина, зеде учество со 7 натпреварувачи на Меѓународниот турнир ” 1 – Меморијални турнир Великана Војводине” . На овој Турнир учество зедоа над 700 натпреварувачи од околу 55 клубови од 7 држави.

Членовите на Сеишин на овој високо квалитетен и исклучително тежок турнир успеаа да освојат 4 бронзени медали во кадетска конкуренција од кои Теодора Димеска и Ема Димитријоска во категоријата до 48кг, Марија Талеска до 52кг и Јован Најдоски +90кг се закитија со бронзениот медал.

Сите 7 натпреварувачи се вратија со големо искуство од овој турнир. Исто така друг дел од членовите предводени од мајстрите Чадамов и Ѓураков настапија на турнирот кој се одржа во Прилеп “Прилеп Oпен 2019”. Таму се освоени 8 медали – 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.

1.Борис Џагадуроски 1 место, 2.Теа Настоска 1 место, 3.Марио Цинцароски 2 место, 4.Никола Магдески 2 место, 5.Димитри Џокоски 2 место, 6.Петар Врглески 3 место, 7.Стефан Врглески 3 место, 8.Андреј Сотироски 3 место.

Останатите кои не се закитија со медал покажаа одлични и фер борби.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.