Џеф Безос, најбогатиот човек во светот: За спас на планетата 10 милијарди долари!

Сакам да соработувам со другите за да се истражат новите начини со кои би се зголемила бopбата против климатските промени, вели милијардерот.

Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, основачот на Амазон, вети дека ќе вложи 10 милијарди долари сопствени пари во бopба против климатските промени!

Безос, чие богатство е проценето на 130 милијарди долари, одлучи да го основа “Безос фондот за планетата”, преку кој ќе се финансираат научниците, активистите и непрофитните организации како би се заштитила планетата.

Безос одлуката за вложување во бopбата против климатските промени ја објави на Инстаграм. На социјалните мрежи предизвика лавина од критики, бидејќи многу луѓе сметаат дека тој можел да издвои и повеќе. Критичарите наведуваат дека тој ветил 7.7 проценти од неговото богатство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.