Прилеп се подготвува за најновото издание на фестивалот на пивото и скарата – Пиво Фест 2026. Најновото издание на фестивалот ќе трае три дена од 17 до 19 јули, што стана пракса во изминатите 2-3 години, иако во минатото фестивалот траеше четири вечери и постојано се одржуваше првиот четврток после Петровденските пости.
Засега не е познато кои изведувачи ќе ги видиме на фестивалската сцена, иако на официјалната фејсбук страна на фестивалот се најавуваат “најголемите домашни и балкански музички ѕвезди”.
Останува да видиме дали фестивалот ќе успее да го врати стариот сјај од пред десетина години, ако се знае дека последните изданија не ги оправдаа очекувањата на прилепчани и долгогодишните посетители од останатите градови и регионот.

























