Што ќе прави Ангела Меркел во пензија?

Додека светот се занимава со тpaгедиjaта во Авганистан и ypaганот Ида, Германија се подготвува за парламентарни избори, после кои конзервативците кои ги водеше Ангела Меркел најверојатно ќе ја напуштат власта. Ангела Меркел заминува во политичка пензија, а Дојче Веле открива некои занимливости за тоа како ќе изгледаат нејзините пензионерски денови.

Ангела Меркел сака да готви супа од компири и колач од сливи. Тоа се типични есенски јадења, но оваа есен тешко дека ќе има време за готвење. За помалку од еден месец се одржуваат парламентарните избори, но за Меркел политичката кариера нема да биде готова во вечерните сати на таа недела. Таа останува на својата функција до формирањето на новиот кабинет.

Во просек, во изминатите неколку децении, сојузниот канцелар со новиот кабинет во Бундестагот влегува по 5/6 недели по изборите.

Но доколку Меркел остане канцелар до 17 декември, ќе го сруши “рекордот” на Хелмут Кол, кој е најдолговечниот германски канцелар по вojната.

Во јули, за време на нејзината посета во Вашингтон, ја прашаа како ги замислува пензионерските денови. Таа рече дека најпрво ќе се одмори и нема да прифаќа никакви повици. “Мислам дека ова ќе ми се допадне”, додаде Меркел.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.