Мора да го имате во својот дом: “Ги чисти крвните садови, го олеснува дишењето и го чува здравјето на срцето”

Ова масло е одлична превенција за многу болecти.

Маслото од лук може да ги одржи зглобовите во добра состојба, да ги намали болките и истовремено да ги отстрани проблемите кои ги следат овие тегоби.

Ова масло отстранува спазам (грчење) на крвните садови и спречува појава на коронарни болecти на срцето, отежнато дишење, а се пропишува и во случај на склероза. Маслото од лук е одлично средство и за ширење на крвните садови.

Познато е дека лукот содржи есенцијални масла богати со алин, состојка која со сечењето се разградува во алицин, кој го дава специфичниот мирис. Исто така, ги разградува маснотиите и има антибиотичко дејство. Помеѓу состојките на лукот се вбројуваат и витамините А, Б1, Б2 и Ц, цела низа минерали, калиум, калциум, магнезиум и фосфор. Елементи во траги, бакар, кобалт, манган и други материи, меѓу кои и сапонини, флавоноиди, глукосинолати и фенолска киселина.

Еве како да подготвите домашно масло од лук:

Исчистете една главица лук, ставете ја во стаклена тегла и додајте една чиста чаша нерафинирано маслиново или сончогледово масло. Оставете во фрижидер да преноќи, а следното утро исцедете малку лимон во теглата и промешајте.

Земајте едно лажиче од ова масло еднаш дневно пред оброк. Овој природен лек треба да го консумирате 1-3 месеци, а потоа направете едномесечна пауза пред повторно користење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.