Штип и штипјани први се одважија – вечерва премиера на филмот “Ругање со Христос” во домот за култура “Ацо Шопов”

Вечерва со почерок од 19.30 часот, Гала премиера на филмот ,,Ругање со Христос, во големата сала на Центарот за култура “Ацо Шопов” во Штип.

Штип и штипјани први се одважија и ќе можат да го гледат во висока резолуција филмот кој предизвика
бранувања, контроверзи и забрани!

На премиерата ќе присуствува и дел од актерската екипа како и дел од креативниот тим заедно со режисерот
Јани Бојаџи.

После премиерата предвидени се прашања и разговори меѓу актерите, режисерот и присутната публика.

Филмот на Јани Бојаџи предизвика огромен интерес и во Прилеп, па прилепчани со нетрпение го очекуваат во киното “Мис Стон”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.