Шешељ открива најнови информации: Српските четници го спасиле Груевски, границата ја преминал на Хоргош во 5 часот наутро (ВИДЕО)

Никола Груевски преку Србија премина во Унгарија, а четнички баојнети го обезбедуваа до Хоргош (граничен премин помеѓу Србија и Унгарија), изјави Војислав Шешељ во емисијата „После ручка“ на телевизија “Хепи”.

„Најновата вест е дека нашиот брат Никола Груевски од Македонија преку Србија отиде во братска Унгарија“, рече лидерот на српските радикали.

Шешељ додаде дека Груевски на тој начин го избегнал апсењето, на како што рече, предавничката власт на Зоран Заев.

„Кога се појави на српската граница, го прифатија српски четници и четнички бајонети го обезбедуваа се до Хоргош, а таму во 5 часот утрото на 12 ноември премина во Унгарија“, откри Шешељ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.