Чеченија земја на природни феномени: 5-годишно момче направи 4.105 склекови и доби Мерцедес вреден 36.000 долари од Кадиров (ФОТО+ВИДЕО)

Чеченскиот лидер Рамзан Кадирив му подари Мерцедес вреден 36.000 долари на 5-годишното момче кое успеа да направи 4.105 склекови.

Рахим Курајев кој од локалните медиуми беше наречен “Чеченскиот Швартценегер” го покажа подарокот модел C180 на својот Инстаграм профил – пренесува “Москва Тајмс”.

Младото момче успеално да направи 4.105 склекови за два часа и 25 минути, но ќе мора да го повтори својот подвиг ако сака да биде запишан во официјалната Руска книга на рекорди.

Кадиров смета дека момчето без проблем ќе го повтори подвигот.

“Рахим има енергија да направи дополнителни 4.000 склекови. Се надевам дека членовите на комисијата ќе имаат доволно трпение да избројат до крај”, напиша чеченскиот лидер на својот канал на Телеграм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.