ШВЕЃАНИТЕ OДБИJA ДА ГО EKCTPAДИPAAT ДЕЈАН ДАВИДОВСКИ: Според cyдoт во Шведска, во Македонија се врши политички пpoгoн

Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол, дознава Вечер.мк

Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол, дознава Вечер.мк

Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка. – пренесува Вечер.мк

Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.

Ова е трет случај европска држава да издаде решение за политички прогон во Македонија и да одбие екстрадиција на лица барани од македонските власти. Пред Шведска, Унгарија тоа го реши за поранешниот премиер Никола Груевски, а Грција заради политички прогон одби екстрадиција на функционерите на МВР Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Извор
Вечер.мк




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.