ЦЕЛОСНА ЕРУПЦИЈА ВО ЗАГРЕБ после победата на Хрватска и пласманот во четвртфинале (ВИДЕО)

Хрватска одигра тежок и неизвесен осминафинален меч против Данска на Светското првенство во Русија.

Головите на Јоргенсен во првата минута и Манџукиќ во 4-та стоеја на семафорот до 90-та минута, при што мечот продолжи на продолжение два пати по 15 минути.

Кон крајот на второто продолжение, беше досуден пенал за Хрватите, но ударот на Модриќ го скроти Каспер Шмајхел, при што мечот остана да се реши во пенал рулет.

Хрватите минимално со 3:2 го добија пенал рулетот и продолжија во четвртфиналето на Мундијалот каде ги чека дуел со домаќинот Русија.

После победата, целосна ерупција во Загреб. Навивачите на “коцкестите” предизвикаа вистинска бура во хрватската метропола.

Погледнете:

Kod brace veceras veselo..??⚽️#worldcup2018 #croatia??

A post shared by Moments by Edrijen..??✈️????? (@adriana_pavkov) on

Hrvatska <3

A post shared by Kristijan Zabos (@kristijan.zabos) on




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.