Целиот автобус бил во пламен, а тој ги спасил останатите бранители: За херојскиот подвиг на Ацо Јованоски – Реган се зборува и денеска

Денеска Прилеп по 17-ти пат оддаде почит на десеттемината загинати бранители, прилепчани, кои на 8 август 2001 година на свиреп начин беа убиени кај масноста Карпалак.

Животите ги загубија:

Нане Наумоски (48) ─ од Прилеп, Сашо Китаноски (39) ─ од Прилеп, Бранко Секулоски (42) ─ од Прилеп, Горан Миноски (29) ─ од Прилеп, Марко Деспотоски (27) ─ од прилепско Новоселани, Ердован Шабаноски (20) ─ од Прилеп, Љубе Грујоски (31) ─ од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) ─ од прилепско Ропотово, Веби Рушитоски (26) ─ од Прилеп, Пеце Секулоски (29) ─ од прилепско Бело Поле.

Ацо Јованоски – Реган, беше учесник на тој немил настан, а за неговото херојско дело се раскажува и денеска.

Тој е редовно присутен на одбележувањето на овој ден на Карпалак, а денеска одново потсети дека сеуште не е изградено спомен обележје на ова место на кое достојно ќе се одбележува овој немил настан од поновата македонска историја.

Иако целиот автобус бил во пламен, Реган успеал да го извлече од местото на нападот и така да ги спаси преостанатите бранители кои биле во него.

-Секоја година го одбележуваме овој ден без достоинствен споменик на кој ќе положиме цвеќе туку тоа го правиме на банкината од автопатот. Овие загинати заслужуваат многу повеќе, а ние како град Прилеп и прилепско сме горди бидејќи тие го дадоа најскапоценото, нивните животи бранејќи го интегритетот на Македонија, изјави Јовановски.

Градот херој на своите храбри синови им се оддолжи со монументално дело во центарот на градот, спомен обележје кое вечно ќе потсеќа на нивните прерано згаснати животи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.