Цела недела не можеле да се сетат каде го паркирале својот автомобил: Кога го најдоа ги пречека “изненадување“

Постар брачен пар го “изгубиле“ автомобилот на една недела.

Хилда Фармер која има 79 години и нејзиниот партнер Емануел Елиот кој има 80 години, започнале масивна потрага која за среќа заврши позитивно откако после седум успеале да си го лоцираат својот автомобил Форд Фиеста која ја паркирале во Глоучестер во Британија.

Кога го пронашле автомобилот на него веќе имало испишано три казни за погрешно паркирање.

Тие го ангажирале целото свое семејство за да го пронајдат автомобилот. Потрагата траеле толку долго бидејќи Хилда била сигурна дека автомобилот бил паркиран на северот на градот, додека автомобилот бил пронајден на другата страна на градот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.