Холивудскиот актер Ричард Гир ќе сведочи против Матео Салвини

Матео Салвини, лидерот на десничарската Лега во Италија, вели дека судењето ќе се претвори во циркуз, бидејќи како сведок е повикан и холивудскиот актер Ричард Гир.

Салвини беше министер за внатрени работи кога на бродот со мигранти му беше забранет влез на италијанското пристаниште во 2019 година.

Судот во Палермо го одобри списокот на сведоци, вклучувајќи го поранешниот премиер, италијански политичари, но и актерот Ричард Гир, кој во тој период бил во Италија како дел од шпанската невладина организација “Проактива Опен Армс”. Оваа организација ги испрати чамците за спасување, а Гир беше вклучен во испораката на храна за мигрантите на палубата.

“Кажете ми колку може да биде сериозн ова судење кога доаѓа и Риачрд Гир од Холивуд. Тој ќе сведочи колку сум јас лош”, изјави Салвини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.