Фотографија која го освои светот: Човекот има богатство од 100 милијарди долари и чека во редица за хамбургер

Мајк Галос, поранешен вработен во компанијата „Мајкрософт“, објави фотографија на која може да се види како Бил Гејтс чека во ред за бургер пред сендвичарница во Сиетл.

-Кога вредиш околу 100.000.000.000 долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за бургер, помфрит и Кола во „Дикс“ како и сите ние… Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерот со златна школка во Белата куќа, напиша Галос под фотографијата која е споделена над 16.000 пати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.