Ова е веќе алармантно и страшно! Прилеп со најзагаден воздух во Македонија – мерната станица покажува застрашувачки резултати

Мерната станица за квалитет на воздухот во Прилеп, деновиве покажува алармантни резултати. Веќе неколку вечери по ред Прилеп е со најзагаден воздух во Македонија.

Синоќа во 20:00 часот станицата покажа огромни 816 ПМ-10 честички на метар кубен, што го надмина и резултатот од четвртокот кога во 22:00 часот, мерната станица покажа исто така енормни 716 ПМ-10 на метар кубен.

Прилепчани се жалат дека загаденоста се чувствува особено во вечерните часови кога воздухот буквално мириса на саѓи, а дишењето е целосно отежнато.

Ако пред локалните избори, главното ветување на актуелниот градоначалник од СДСМ беше чист воздух и чиста животна средина, сега нема никаква стратегија и мерки за справување со оваа опасна по живот загаденост на воздухот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.