(ФОТО+ВИДЕО) Цел фудбалски тим мистериозно исчезна после тренинг: По 10 дена потрага, конечно пронајдени 12-те момчиња и нивниот тренер

Спасувачките тимови во Тајланд денес ги пронајдоа 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои пред 10 дена исчезнаа во поплавената пештера, соопшти гувернерот на провинцијата Чијанг Раи.

“Нуркачите на тајландската морнарица ги пронашле сите 13 исчезнати и сите давале знаци на живот”, изјави за медиумите гувернерот Наронгсак Осотанакорн.

Откако 13-члената група исчезнала во пештерата Там Луанг, започнати се меѓународни напори за да се пронајде. Момчињата, на возраст од 11 од 16 години и нивниот 25-годишен тренер влегле во пештерата на 23 јуни.

Тие исчезнале по завршувањето на тренингот, а нивните велосипеди и патики биле пронајдени оставени пред пештерата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.