Утре традиционален ЕСЕНСКИ ПАНАЃУР во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп – Промоција на здрава храна и нејзината важност за правилен раст и развој

Под мотото “Здравата храна е извор на здрав живот”, утре, 16.10.2026год., со почеток од 11:30часот во училишниот двор на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп, ќе се одржи традиционалниот есенски панаѓур.

Целта на настанот е да се развие свеста кај учениците за значењето на здравата храна и здравите навики за правилен раст и развој.

Сите одделенија ќе бидат активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови, каде ќе има изложено разновидни видови на здрава храна, како: овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи, како природни џемови и печива од интегрално брашно.

Да ги поддржиме дечките со наше присуство на настанот! Дојдете и купете нешто за дома или подарете нешто здраво и свежо на некој близок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.