Утре обилни врнежи низ Македонија

dozhd1

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, денес почнувајќи од вечерните часови, па до утре на пладне ќе има врнежи од дожд, кои во западните делови повремено ќе имаат умерен интензитет.

На највисоките врвови во северозападните делови ќе има и врнежи од снег. Утре дневната темепература ќе достигне од 10 до 17 степени.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во сабота.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.