Урнебесната комедија “Од две мајки браќа” вечерва во киното “Мис Стон” во Прилеп

„Од две мајки браќа„ е комедијата што ќе биде изведена вечерва 12.10. 2018 од 20 часот во кино Мис Стон во Прилеп.

„2 MOTHERS BROTHERS“ или ОД ДВЕ МАЈКИ БРАЌА (што го поставува прашањето што правел во меѓу време таткото) е комично кабаре составено од динамичното дуо Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.

Се работи за 75 минути жестока комедија која се исмева со сите оние кои се обидуваат да забранат слободно да се говори, истото збогатено со авторски песни и пародија на познати песни.

Проектот е поддржан од Министерство за култура со Нов културен бран




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.