Уживајте во убавото време – метеоролозите најавуваат голема промена

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 14 степени, а дневната од 26 до 32 степени. УВ=6 .

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степени.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Во недела ќе има извесно зголемување на облачноста со умерен северен ветер и благо опаѓање на дневната температура. Позначителна промена на временската состојба со поизразено заладување се очекува од вторник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.