Турнир во футсал помеѓу основните училишта во Прилеп

Футсал натпреварот помеѓу основните училишта денеска беше одржан во Прилеп. На турнирот учество земаа  22 екипи составени со по 10 ученици, а домаќин и организатор на натпреварот беше ОУ „Добре Јованоски“ од Прилеп. Пријавени биле екипи од сите 9-ти и 8-ми одделенија во Прилеп.

fffffff-640x426

-На овој турнир учествуваат вкупно околу 220 ученици, а победникот на овој турнир ќе се натпреварува на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Ресен или Тетово. За новата спортска сала, каде се одигрува овој турнир, можам слободно да кажам дека таа секој викенд е исполнета со спортски натпревари, а има заинтересираност дури и во работните денови, истакна Златко Думбалоски, наставник во ОУ „Добре Јованоски“.

Од општина Прилеп велат дека овој прекрасен спортски објект кој беше изграден во составот на ОУ „Добре Јованоски“ добил вистинска намена за одигрување на голем број спортови во сала. Учениците на турнирот денеска ги посети и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

ffffffff1111-640x426

-Ние како општина, во соработка со Владата и Министерстовото за образование ќе продолжиме со изградба на нови спортски објекти, вакви спортски сали ќе бидат изградени во основните училишта „Кире Гаврилоски“, „Блаже Конески“ и „Кочо Рацин“. Со тоа Прилеп ќе биде еден од градовите со најдобра спортска инфраструктура за одигрување на голем број спортови. А да не заборавиме дека во тек е и се работи реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев“ кој за неколку месеци ќе биде комплетно готов и спремен и за одигрување на меѓународни натпревари“, истакна Ристески.

Ристески додаде дека оваа спортска сала се користела не се само од страна на учениците, туку неа ја користеле и голем број спортски клубови како за тренинг така и за рекреација.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.