Трамп доживеа непријатна ситуација: Членовите на Генералното Собрание на Обединетите Нации се изнасмеаа на неговиот говор (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп во денешниот говор на Генералното Собрание на Обединетите нации посочи дека ја отфрла идеологијата на глобализмот и ја прифаќа доктрината на патриотизам.

Американскиот претседател зборуваше за постигнатото на неговата администрација на глобално ниво и во односите со Северна Кореја, Кина, Иран…

Кон крајот од своето обраќање Трамп рече дека неговата администрација во период помалку од две години постигнала повеќе од било која администрација во историјата на САД.

На тоа следуваше смеа од дел од присутните, на што Трамп додаде дека “не ја очекувал таа реакција, но во ред е”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.