Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско

Девојка се здобила со повреди при сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Градско.

Вчера во 14:00 часот било пријавено дека на Магистралниот пат Градско – Прилеп, пред тунелот во село Фариш, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел кадет“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот К.Н. од Битола и патничко возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Е.Ч. од Скопје. Во незгодата со повреди се здобила сопатничка во возилото „Опел“, 28-годишната И.Н. од Битола. Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.