Тешка сообраќајка кај интернатот во Прилеп: Моторциклист се здоби со повреди (ФОТО)

Teшка сообраќајка се случи пред малку кај студентскиот интернат во Прилеп.

Во сообраќајката учествувале автомобил марка “Meрцесес” и моторциклист, при што возачот на моторот се здобил со повреди.

Екипа на брзата помош го пренела лицето до општата болница “Борка Талески” во Прилеп, а полицијата врши увид на лице место и работи на откривање на причините за несреќата.

Повеќе информации подоцна!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.