Тешка сообраќајка во центарот на Прилеп: Удрил пешак на пешачки премин?

Вчера околу 17:00 часот во центарот на Прилеп кај градска аптека, се случила сообраќајна несреќа во која автомобил удрил во пешак на пешачки премин.

Според неофицијални информации кои ги дознаваме, возач со иницијали М.Б. кој управувал автомобил марка “Мицибуши” со прилепски регистарски ознаки, удрил во 28-годишен пешак со иницијали А.Р. од Прилеп.

Од ударот пешакот се здобил со повреди.

Сообраќајот бил во прекин повеќе од еден час.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.