“Сeриа А” ќе грми како некогаш! Уште едно спектакуларно засилување доаѓа во Италија!

Неверојатен трансфер пазар во Сериа А. Некогаш најсилната фудбалска лига на светот ова лето го враќа сјајот. Бројот на одлични играчи расте од ден во ден, а најновото големо име е Бразилецот Таисон.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Рома е на прагот на уште еден голем трансфер. Се работи за играчот од Шахтјор кој утре би требало да помине лекарски прегледи во Рим и да потпише договор со “волчицата”.

Рома веќе денеска донесе уште еден одличен игра од Севиља. Се работи за Стивен Н’зонзи кој “волчицата” ќе ја чини 30 милиони евра.

Меѓутоа, спортскиот директор на Рома, Рамон Мончи, не застанува на тоа, па така и Таисон е на пат кон Рим.

Таисон преку социјалните мрежи веќе им се заблагодари на навивачите и управата на украинскиот клуб, а неговиот сонародник Хуан Жезус, кој веќе е играч на Рома, праша “дали доаѓа во Италија?”, на што 30-годишниот играч одговори: “На пат сум”.

Бразилецот ќе стане 12 засилување за Рома ова лето, а се пишува дека Шахтјор за него ќе заработи 15 милиони евра.

Со ова покрај Јувентус, Интер и Милан, Рома ќе биде исто така интересна за следење оваа сезона во Италија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.