Сонце или дожд? Еве какво ќе биде времето викендов

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 26 до 32 степени.

 

sonce-pa-dozd-520x344

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот е можна појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во недела ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови.

Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со почести врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.