Сондата на НАСА слета на Марс, а во општина Штип изградиле 1000 метри локални патишта – епохално дело и во “двата случаи”

Oпштина Штип деновиве ги презентира своите сработени проекти во изминатите 365 дена, па според она што се прошири по социјалните мрежи од општината се пофалиле дека асфалтирале дури 1000 метри локални патишта и извршиле тампонирање на дури 1400 метри улици.

На ова свој статус напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски:

“Озбилни сте ?

За една година сте направиле само 1 километар локален пат и го прикажувате како епохален напредок ?

После ваков отчет за една година треба да ја пишете и изработката на сликичкава дека сте ја направиле, барем сте се потрудиле и за тоа.

Дефинитивно ова се најцрните денови во инфраструктурата и економијата….”

Истовремено сондата Инсајт на НАСА успешно слета на Марс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.