Солзи сами течат: И принцезата Дајана “ќе биде дел” од венчавката на нејзиниот син и Меган Маркл

Кога принцот Хари и Меган ја донесоа одлуката дека ќе се венчаат во капелата „Свет Ѓорѓија“ во Виндзор, јавноста веднаш претпостави дека кралското семејство и тоа како ќе го почувствува отсуството на принцезата Дајана.

Но сепак Хари речиси и да не ја заборави својата мајка која ќе биде дел од кралската венчавка на еден поинаков начин.

Имено принцот Хари за прстенот на Меган земал два дијаманта од колекцијата на својата мајка, а прстенот сам го дизајнирал.

Тој вели дека има денови кога жали по својата мајка бидејќи не може да ги сподели убавите вести со неа, но тоа не е секогаш возможно- па затоа сака на овој начин да биде таа присутна на нивната венчавка.

Освен тоа британските медиуми пишуваат дека Меган ќе ја носи и тијарата која Дајана ја носела кога се венчаше со принцот Чарлс.

Преку декорацијата со рози, принцот ќе се потсетува на својата мајка која многу ги обожуваше белите рози.

Освен тоа принцот не ги заборави ниту братот и двете сестри кои се поканети на венчавката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.