Се бара зголемување на акцизата на горивата

Како мерка за справување со економската криза поради коронавирусот, Стопанска комора на Македонија бара за 2 денари да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, додека акцизата за екстралесно гориво да се зголеми за 9 денари и да се изедначи со акцизата за дизел горивото.

„Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво“, велат од Стопанската комора .

Од Регулаторната комисија за енергетика сметаат дека со изедначувањето на акцизата за Екстралесното гориво и дизелот ќе се спречат злоупотребите што сега прават штета и на буџетот, но и еколошка штета.

Од Макпетрол за Фактор велат дека тие повеќепати укажувале за злупотребите на екстралесното гориво и кај оваа и кај претходните влади. Затоа се смета дека е потребно зголемување на акцизниот дел на ова гориво со што ќе се дестимулира неговата употреба како погонско гориво.

„Злоупотребите се прават бидејќи акцизата за овој енергенс е за 9 денари пониска од акцизата на за дизелот – и затоа има масовна злоупотреба, односно Екстралесното да се користи како погонско гориво што не е дозволено со закон.

„Измената на акцизата е во рацете на носителите на политики и ОКТА во целост ги почитува донесените регулативи. Генерално би поддржале мерки насочени кон намалување на потенцијалот за недозволена трговија и за зголемување на стабилноста на пазарот“, изјавија од Окта за Телма..




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.