“Сеоски фудбал” и во Норвешка: Ја шутна топката во аут и го остави цело село без струја (ВИДЕО)

Доколку се спомне трета лига во било која држава, не се очекува голем стадион, ниту пак навивачи со пиротехника.

Така е и во Норвешка, каде на терен без трибини меч одиграа Селбак и Вестфосен. Можеби немаше никаква атмосфера и многу навивачи, но имаше вистински „огномет“ покрај тревникот.

Еден од дефанзивците предизвика вистински хаос, откако реши да ја избие топката далеку во аут. Таа заврши во електричните жици покрај стадионот, кои се скинаа и предизвикаа вистинско „light show“.

Наводно цело место останало без струја во наредниот период, а бидејќи меѓу фудбалерите имаше и електричари, следуваше шега на нивна сметка и молба да ја поправат предизвиканата штета.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.