РУСКАТА ВОЈСКА ГРАДИ БОЖЕСТВЕН ХРАМ: Погледнете како ќе изгледа ова прекрасно здание (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Русија ќе го изгради главниот храм на вооружените сили на Русија во московскиот парк за култура и одмор “Патриот”, изјави министерот Сергеј Шојгу

“Министерството за одбрана го реализира планот за изградба на главниот храм на вооружените сили во паркот Патриот. Таа идеја доби поддршка во јавноста, државната власт, воената управа, свештенството и веќе е направена визуелна концепција на храмот”, рекол Шојгу вчера на седницата на колегиумот во Министерството за одбрана.

Според неговите зборови, храмот ќе стане духовен, научен и просветен центар за војниците, православните свештеници и руските граѓани.

Во него ќе има музејска поставка посветена на историјата на формирањето на руската држава и вооружените сили.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.