Радост за најмалите: Во сабота во Прилеп, претставата за деца “ДАЛМАТИНКО”

На 11 мај /сабота/ во 12.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата за деца ,,ДАЛМАТИНКО”.

Далматинко е урнебесна хит комедија за деца.Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кој му ги приредуваат кученцето Тошко и комшиката Тетка Светле. Низ многу комични ситуации и низ интеракција со публиката ќе дојдеме до главната порака на претставата која гласи: Никого не потценувај во својот живот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите сме еднакви и секогаш треба да бидеме заедно како едно.

Со многу комични ситуации, музика, интеракција со децата и педагошки елементи ќе успееме да го задржиме вниманието на публиката и преку театарскиот јазик ќе им прикажеме на децата колку е важно да сме сите заедно како едно.

Автор и режисер: Сашо Ристовски

Играат:

Бранко Атанасов
Магдалена Ризова-Черних
Сашо Ристовски
Сценограф: Диди
Изработка на костим за Далматинко: Раде Василев
Избор на костим: Диди
Продукција: Театар ХИТ Скопје 2024 година

ЦЕНА: 100 денари

Резервација и продажба на билети на телефонот: 076 442 378




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.