Прилеп доби најмодерен салон за автоделови и автокозметика во цела држава – подредено се’ како во аптека

Нов модерен салон за автоделови, автокозметика, масла и гуми на Матадор

Небаре аптека, подредени под конец се илјадници резервните делови за сите возила, авто козметика, моторни и други масла, акумулатори и гуми за милениците на четири тркала.

Реномираната фирма со 20 годишна традиција, Матадор, свечено пресече панделка на новиот современ објект со магацински простор во модерен дизајн на 600 метри квадратни на локацијата кај Зибијата, на улицата ,,Андон Слабејко,,.

Љубезните домаќини и вработени ќе го ,,превртат,, преку интернет целиот свет и ќе го најдат потребниот резервен дел. Со девизата – ,,сé за вашето возило,, располагаат со компјутерски програми со кои се откриваат сите делови на сите марки и модели на автомобили. Преку бар кодот од магацинот ќе ви го донесат на рака за неколку минути. Ретки се случаите да нема некој дел на лагер листата.

Ако се случи таков куриозитет, Матадор има лек за најмногу 24 часа, мајсторот да го придвижи вашиот автомобил. Ќе го најде и ќе ви го стави, што се вели, на тацна. И во новиот салон купувачот секогаш е во право, не смее да чека, зашто времето е динамично.

Матадор речиси две децении е водечка фирма во прометот со автоделови. Водена од искусниот сопственик Игор Стеванов, продолжува трендот на здрав чекор во освојување и одржување на симпатиите на муштериите. Новитетите се следат секојдневно, оти автомобилската индустрија се менува со брзина на информатичката технологија.

Со замената на возниот парк во земјава, Матадор се адаптира на нараснатите покомплицирани потреби, а со тоа и потрагите по резервни делови. Информатичките алатки се обновуваат, затоа што се срцето на бизнисот.

Кога времето е скапо, а автомобилот е потреба, никој не чека со денови за обезбедување на резервен дел. Затоа Матадор не штеди во иновирање на технологијата за пронаоѓање на делови.

Со тоа и набавка на најбараните потрошни делови за автомобилите. Матадор воспоставил квалитетна соработка со сите сервисери, автолакери, механичари, автолимари, автоелектричари. Силната конкуренција е посакувана провокација за поуспешно работење и подем.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.